Татко се обиде да си го убие синот – сакал „да го реши“ зашто не го почитувал

January 16, 2023
1 min read

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

– На 14 јануари, во работна просторија – кујна на ресторан во Скопје, на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, осомничениот извршил семејно насилство и со умисла се обидел да го лиши од живот сопствениот син. По кратка вербална расправија, за која причина биле претходно нарушени меѓусебни односи, осомничениот зел кујнски нож и му нанел три убодни рани на оштетениот во пределот на стомакот, десната подлактица и грбот, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Во намерата да го изврши убиството го спречил сведок, кој му помогнал на оштетениот и го пренел во болница, информира Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, односно дека ќе го доврши обиденото кривично дело.

Имено, тој и во дадениот исказ пред јавниот обвинител признал дека во критичниот момент одлучил „да го реши оштетениот“, односно да го лиши од живот, и дека се надева во иднина оштетениот да разбере дека треба да го почитува својот родител или повторно може да се случи истото.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зголемен водостојот на Дојранското и Преспанското Езеро

Следно

Асја Фатејева, една од најдобрите саксофонистки во класичната музика, солист на концертот на Филхармонија насловен „Ава“

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop