Асја Фатејева, една од најдобрите саксофонистки во класичната музика, солист на концертот на Филхармонија насловен „Ава“

January 16, 2023
4 mins read

Во петок, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Ава“ (арх.воздух, поднебје, клима) на кој како солистика ќе настапи една од најдобрите саксофонистки во класичната музика – Асја Фатејева од Крим/Германија. На програмата се Рапсодија за алт-саксофон и оркестар од Клод Дебиси, Концертор за саксофон и оркестар „Талахачи“ од Јакоб Тер Велдхаус кој ќе биде изведен за првпат во МАкедонија и Симфонија бр.10 од Дмитри Шостакович. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.

Рапсодијата за алт-саксофон и оркестар, напишана од францускиот импресионист Клод Дебиси, позната и како „Мавританска“ и „Ориентална рапсодија“ е компонирана во 1911 година, како дело за саксофон и пијано. Оркестрирана е во 1919 година од страна на композиторот Жан Роже Дукас. Напишана во типичниот авторски стил по кој е препознатлив Дебиси. Во неа има музички импресионизам во сите бои и нијанси, меки прелевања и специфична атмосфера, толку препознатлива за музичкиот опус на Дебиси. Саксофонот меко и без претензии ја раскажува приказната, а оркестарот преку интензивниот колорит на мелодиите и оркестарските бои суптилно се надоврзува на солистот и заедно креираат експлозија од емоции, бои и динамика.

Холандскиот авангарден композитор Јаков ТВ (Јакоб Тер Велдхаус, 1951), својата музичка кариера ја започнал како рок-музичар. Студирал композиција и електронска музика со Луктор Понсе и Вилијем Фредерик Бон на конзерваториумот „Гронинген“.

Добитник е на наградата за композиција на Холандија во 1980 година, и оттогаш целосно ѝ се посветува на својата работа како композитор. Неговите композиции се мелодични и тонални, доаѓаат директно од срцето и имаат одличен прием кај публиката. Критиката го нарекува „Џеф Кунс на новата музика“, а неговата интернационална репутација како композитор достигнува климакс со ултратоналниот ораториум „Рај“, кој се инспирира од „Божествената комедија“ на Данте Алигиери. Концертот за саксофон и оркестар „Талахачи“, Јакоб ТВ го напишал во 2001 година и му го посветил на Арно Борнкамп, и тој се изведува со различни оркестри во светот. Светската премиера на овој концерт била на 3 март 2002 година во Утрехт.

Десеттата симфонија на рускиот композитор Дмитриј Шостакович (1906 – 1975) е музичко ремек-дело исполнето со трагичност, очај, терор, насилство и неколкуминутен триумф. Од крајот на 1970-тите, ова дело се интерпретира како музичка илустрација на годините на сталинизам во Русија, кога меѓу осум и 20 милиони луѓе беа ликвидирани по директива на режимот на Сталин. Шостакович директно, на своја кожа го почувствувал безмилосниот режим – бил јавно дискредитиран како композитор, неговите дела биле забранети и имал статус на персона нон грата. Пријателите и колегите го напуштиле и никогаш повторно не се вратиле во неговиот живот. Хоророт кој бил составен дел од овие години и колективната оддишка по смртта на Сталин во 1953 година, биле инспирација за Десеттата симфонија на Шостакович.

Се надевам дека класичниот саксофон ќе успее да го добие заслуженото место на светската музичка сцена“, вели Асја Фатејева. Најголем дел од луѓето кога ќе го слушнат зборот „саксофон“ речиси секогаш го поврзуваат со џез-музиката. Фатејева со своето присуство на светската музичка сцена сака да го измени овој контекст и да докаже дека саксофонот е инструмент кој е присутен и во класичната музика.

Во 2014 година, таа е првата жена која успева да влезе во финалето за престижната награда „Адолф Сакс“ на интернационалниот натпревар во Белгија, на кој го добива третото место.

Родена е во Керч, на Крим, во 1990 година. На шест години почнала да учи пијано.

Мојата наставничка по пијано Валентина Никшина ми ја поттикна љубовта кон уметноста и ми ја влеа длабочината и интензитетот на руската музичка школа“, вели Фатејева.

Саксофонот го открива на 10 години.

Веднаш се вљубив во него, уште кога го слушнав првиот тон“, се сеќава таа.

Почнува да го изучува инструментот кај проф. Маргарита Шапошникова на познатиот институт „Гнесин“ во Москва, и магистерски студии завршува во Франција. Во 2004 година се сели со семејството во Германија, каде што го дозавршува своето школување во Келн.

Фатејева настапува како солистка со речиси сите познати светски оркестри, а од 2014 година предава саксофон во Мунстер, Германија.

Музичката критика не штеди зборови за оваа исклучителна солистка. „Франкфуртер  алгемајне цајтунг“ пишува дека Фатејева е вистинска сензација во музичкиот свет и дека нејзиното свирење е „толку елегантно и лесно“. Во моментов живее во Хамбург, каде свири саксофон во познатиот „Алиеџ квинтет“, со кој изведуваат ремек-дела од класичната ера, аранжирани за пијано и четири саксофони. Тоа ѝ помага да го прошири својот репертоар, бидејќи нема многу класични дела за саксофон, со оглед на фактот дека Адолф Сакс го создаде инструментот во 1840 година. Поради тоа, Фатејева која свири и сопран- и алт-саксофон транскрибира дела од барокот и од класичната музичка ера за својот инструмент. „Потребни се повеќе нарачки на дела за соло саксофон и оркестар“, вели Фатејева.

Токму тоа е нејзината мисија – да му го обезбеди заслуженото место на класичниот саксофон во музичките институции, но и во срцата на многубројните музички фанови.

Конрад ван Алфен е инспиративен диригент кој прави нештата да се случуваат“, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и во Амстердам. Скорешните интернационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што се здобил со награда за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на Московското филхармониско здружение, во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостин-диригент и со оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и во Санкт Петербург. Во изминатите години бројни оркестри низ светот настапиле под диригентската палка на Ван Алфен, и тоа во: Холанија, Германија, Белгија, Италија, Швајцарија, Англија, Данска, Израел, Словенија, Србија, Бугарија, Романија, Полска, Јужна Африка, Кина и Мексико. Неодамна успешно дебитирал со Филхармонискиот оркестар од Брисел, со „Симфоникер“ во Бохум и со Симфонискиот оркестар „Светланов“ во Москва. Бројни солисти ја уживале неговата придружба, како што се: Даниел Хоуп, Жанин Јансен, Бенџамин Шмид, Куирин Виерсен, Роланд Браутигам, Албан Герхард, Симон Ламсма и Никита Борисо-Глебски. Во изминатите години, неговите соработки со Рускиот национален оркестар и со солистот Михаил Плетнеев на фестивалите во Монтро и Мерано, резултирале со неколку покани за соработка за турнеите во Кина и во Јужна Америка. Конрад ван Алфен е роден во 1963 година, во Преторија. По завршувањето на своите музички студии на 26-годишна возраст, тој се преселил во Холандија и ја имал постојаната позиција на контрабасист во Радио-симфонискиот оркестар и на академијата „Бетовен“ во Антверпен, Белгија, паралелно студирајќи и диригирање под раководство на Ери Клас и Роберто Бензи.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Татко се обиде да си го убие синот – сакал „да го реши“ зашто не го почитувал

Следно

За 60 дена повлечени 12 милијарди долари од Бинанс

Latest from Blog

Се докажа дека создавањето атмосфера на етнички тензии, како таа пред Уставен, е за спас на криминалците од ДУИ и СДС, како Артан Груби

ДУИ се демаскирани, прочитани и поразени. На ДУИ веќе никој не им верува. Од ДУИ се откажаа и стратешките партнери САД, како и нивните членови и поддржувачи. Само ДУИ и Али Ахмети

Видеолотарија ја реализираше традицоналната крводарителна акција

Во декември, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, по традиција, во хумана мисија. Во просториите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, реализиравме уште една успешна крводарителна акција. Видеолотарија Касинос Австрија во соработка

Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД

Одржувањето безбеден и стабилен регион на Западен Балкан е приоритет за НАТО и за САД, соопшти  мисијата на САД во Алијансата. „Оваа недела, бевме домаќини на шест експерти од Западен Балкан –

Поранешна медицинска сестра на Шумахер обвинета за завера и уценување на неговото семејство

Медицинска сестра, чиј идентитет не е јавно обелоденет, наводно била дел од заговор за изнуда на 15 милиони евра од семејството Шумахер со закана дека ќе објави слики од тркачката легенда на
Go toTop