Тајланд ги укина визите за граѓаните на Албанија, сега може да патуваат без визи во 99 држави

1 min read

Министерот за Европа и надворешни работи на Албанија Игли Хасани соопшти дека Тајланд ги укинал визите за албанските граѓани, со што тие може да патуваат без визи во 99 земји.

„Албанските граѓани можат да патуваат без визи во 99 земји, благодарение на континуираните разговори и потпишувањето договори со неколку земји, а сега и со Тајланд. Ова е важен чекор за зајакнување на албанскиот пасош и промоција на имиџот на Албанија на меѓународната сцена“, напиша тој во објава на Фејсбук.

Тој порача дека Министерството за Европа и надворешни работи ќе продолжи да работи на зајакнување на албанскиот пасош насекаде во светот.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

24 интервју – Михалчев: Гасењето пожар е исто како и во војна, срцето затреперува секој момент

Следно

Израел најави одмазда откако во ракетен напад загинаа 12 млади лица на Голанската висорамнина

Latest from Blog