Свечља: Србија го прекрши договорот за регистарски таблички

January 18, 2023
1 min read

Врз основа на случаите презентирани на нашите гранични точки, Србија целосно го прекрши овој договор, пишува косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља

Министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечља соопшти дека косовската полиција на неколку гранични премини идентификувала автомобили со таблички „КМ“ (Косовска Митровица), регистрирани во декември 2022 година.

Според него, ова е прекршување на договорот што Косово и Србија го постигнаа во ноември минатата година.

„Врз основа на договорот меѓу Република Косово и Србија во Брисел во ноември 2022 година, Србија се согласи да го запре производството на нелегални регистарски таблички и пререгистрацијата на постоечките. Врз основа на случаите презентирани на нашите гранични точки, Србија целосно го прекрши овој договор“,

напиша Свечља на Фејсбук.

Тој додава дека во согласност со законодавство и договорот постигнат во Брисел, косовската полиција не дозволила тие возила да влезат во Косово.

Свечља посочува дека такви возила нема да смеат да влезат на територијата на Косово.

„Ги повикуваме сите граѓани, сопственици на автомобили со такви регистарски таблички, да одат во центрите за граѓанска регистрација каде било во Косово за да ги регистрираат своите возила со косовски таблички“,

вели тој.

Претходно директорот на Канцеларијата за Косово на Владата на Србија, Петар Петковиќ и Српска листа соопшти дека на 18 јануари на граничните премини Јариње и Брњак на северот на Косово било спречено движење на возила со таблички „КМ“.

Косово и Србија постигнаа договор за табличките „КМ“ на крајот на ноември, по интервенција на меѓународната заедница.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Уапсени четворица Албанци во Италија, се обиделе да шверцуваат тон кокаин во долниот дел од брод

Следно

(ВИДЕО) Кавга меѓу владици на МПЦ- ОА, за Петар во Бигорски има парацрква, Партениј обвинува дека тој шири омраза и поттикнува на линч

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop