Свечено отворен ТЕКНОФЕСТ, најголемиот турски фестивал на воздухопловство и технологија

April 28, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – На Аеродромот „Ататурк“ во Истанбул денес со свечена церемонија официјално е отворен ТЕКНОФЕСТ, најголемиот турски фестивал на воздухопловство и технологија, известува Анадолу.

ТЕКНОФЕСТ, за кој свечената церемонија на отворање требаше да се одржи вчера, а сменета е за денес поради неповолните временски прилики, свечено ги отвори своите врати за натпреварувачите и граѓаните од сите делови на земјата, но и од странство. На свеченоста на отворањето присуствуваше и турскиот министер за индустрија и технологија Мустафа Варанк, претседателот на Управниот одбор на ТЕКНОФЕСТ и Фондацијата Т3, Селчук Бајрактар, голем број официјални лица и гости.

Седмиот ТЕКНОФЕСТ се одржува во организација на партнерство на повеќе организации кои играат клучна улога во развојот на турската национална технологија, а под покровителство на Министерството за индустрија и технологија и Фондацијата Т3.

Претседателот на Управниот одбор на ТЕКНОФЕСТ, Бајрактар, во своето обраќање на свеченоста по повод отворањето на фестивалот рече дека се случи потрес без преседан во светската историја и додаде:

„Технологиите што ги развиваме добиваат смисла само кога му користат на човештвото. Верувам дека нашите млади браќа во рамките на ТЕКНОФЕСТ ќе развијат технологии кои нудат решенија за потресите и катастрофите и се надеваме дека нашето утре ќе биде побезбедно. ТЕКНОФЕСТ стана име на тивката револуција. Брановите на оваа тивка револуција секоја година се сѐ пошироки. Кога тргнавме во 2018 година на технолошките натпреварувања што ги организиравме на ТЕКНОФЕСТ се пријавија 20.000 млади. Во овој краток временски период, бројката на нашите браќа и сестри што се пријавија на технолошките натпреварувања на ТЕКНОФЕСТ 2023 надмина 1 милион“, истакна Бајрактар.

Министерот Варанк рече дека секоја година се зголемува бројката на апликации за учество на ТЕКНОФЕСТ.

„Оваа година на технолошките натпреварувања што ги организиравме во 41 главна и 102 поткатегории се пријавија 332.000 тимови и повеќе од 1 милион натпреварувачи од 81 турска област и 66 земји. Станува збор за благо, 50-кратно зголемување за период од шест години. Тоа е најјасниот показател што нашите луѓе можат да сонуваат и да го остварат доколку за тоа им се пружи можност“, порача Варанк.

Петдневниот фестивал содржи бројни настани, како што се технолошки натпревари, аеромитинзи, концерти и семинари.

ТЕКНОФЕСТ има за цел да го зголеми интересот за технологија во Туркије. Првиот таков саем привлече околу половина милион посетители, додека фестивалот организиран во 2019 година го посетија 1,72 милиони луѓе, што е светски рекорд за настани во областа на авијацијата.

ТЕКНОФЕСТ во 2018 и 2019 беше организиран во Истанбул, а во 2020 година за првпат е организиран надвор од турската метропола, и тогаш домаќин на саемот беше Газиантеп, град во истоимената југоисточна област на Туркије.

Фестивалот во 2021 година повторно се одржа во турската финансиска престолнина Истанбул.

Минатата година ТЕКНОФЕСТ се одржа во турската црноморска област Самсун, а го посетија 1,25 милиони луѓе.

Првиот меѓународен фестивал ТЕКНОФЕСТ се одржа минатата година во Баку, главниот град на Азербејџан.

Десетици илјади натпреварувачи и тимови се пријавија на овој, сега веќе голем саем, во десетици различни категории.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Транс- култот стигнува и на Евровизија

Следно

Жители на Ѓорче Петров бараат да се врати старото име „Сремски фронт“ на улицата „Исмаил Кривца“

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop