Жители на Ѓорче Петров бараат да се врати старото име „Сремски фронт“ на улицата „Исмаил Кривца“

1 min read

Жителите на улицата „Исмаил Кривца“ во општина Ѓорче Петров бараат да се врати старото име „Сремски фронт“, откако истото било променето во 2021 година додека градоначалник на Град Скопје бил Петре Шилегов.

Граѓаните се организирале со петиција, која досега ја потпишале 110 домаќинства, а советничката Марија Андоновска на седницата на Советот на Град Скопје побара од градоначалничката Данела Арсовска да се смени името на улицата.

-Жителите не се согласуваат со одлуката за промена на името бидејќи постои улица со исто име во општина Чаир, кажа Андоновска.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Свечено отворен ТЕКНОФЕСТ, најголемиот турски фестивал на воздухопловство и технологија

Следно

Заев: Регионот ќе биде енергетски многу постабилен ако делуваме заедно

Latest from Blog