Судот во Стразбур одлучи дека предметите на СЈО не пропаѓаат

February 16, 2023
1 min read

Судот смета дека обвинетите и осудените не успеале да ги исцрпат домашните правни лекови. Одлуката е финална, соопшти ЕСЧП. Тоа би значело дека предметите на поранешното СЈО не пропаѓаат и постапките за нив продолжуваат

ЕСЧП / Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Европскиот суд за човекови права во Стразбур соопшти дека апликациите на осудените и обвинетите од предметите што ги отвори СЈО, а кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги помилува, се недопуштени.

Судот смета дека обвинетите и осудените не успеале да ги исцрпат домашните правни лекови. Одлуката е финална, соопшти ЕСЧП.

Тоа би значело дека предметите на поранешното СЈО не пропаѓаат и постапките за нив продолжуваат.

Апликациите во Стразбур ги поднесоа дел од поранешните функционери против кои постапки отвори СЈО, a како причина за нив се наведува аболицијата што поранешниот претседател Ѓорге Иванов им ја даде во 2016 година, но по бурните реакции потоа ја повлече.

Пред ЕСЧП тие се жалат дека нивното кривично гонење по даденото помилување претставува кршење на владеењето на правото, како и дека повлекувањето на аболицијата било против правната сигурност.

Апликантите во Стразбур заедно со нивните адвокати и пред судовите често ги оспоруваа предметите на СЈО повикувајќи се на тезата дека еднаш дадена аболиција не може да се повлече.

Првата апликација до Стразбур беше испратена на почетокот на ноември 2017 година од поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, преку адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Предметот во ЕСЧП е така и насловен: „Талески и останатите против Северна Македонија“.

Останатите кои потоа поднесоа апликации се: поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, генералниот секретар на Владата во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешните градоначалници на Гази Баба и на Пустец (Албанија), Тони Трајковски и Едмонд Темелко.

(ПОВЕЌЕ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ)

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Илон би владите низ светот малку да се раздвојат меѓу себе

Следно

Во донаторска кампања „Туркије, едно срце“ собрани 5,7 милијарди евра

Latest from Blog

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето

Свештеникот упати трогателна порака до трите мали деца на Жота на неговиот погреб

Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа што се случи по полноќ во четвртокот, кога автомобилот од марката Ламборџини излета од патот и се запали. Браќата беа погребани денеска во родниот

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

ЛОНДОН (АА) – Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното
Go toTop