Судот во Хаг изрази загриженост за руските закани поврзани со налогот за апсење на Путин

March 23, 2023
1 min read

Реакцијата на Судот во Хаг следува откако поранешниот руски претседател и сојузник на актуелниот претседател Владимир Путин, Дмитриј Медведев, изјави дека секој обид за апсење на Путин ќе значи објава на војна против Русија, но и откако Москва отвори кривична постапка против дел од обвинителите и судиите од Судот

Меѓународниот кривичен суд во Хаг изрази загриженост поради руските закани кои дојдоа откако Судот издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под обвинение за воени злосторства.

Реакцијата на Судот во Хаг следува откако поранешниот руски претседател и сојузник на актуелниот претседател Владимир Путин, Дмитриј Медведев, изјави дека секој обид за апсење на Путин ќе значи објава на војна против Русија, но и откако Москва отвори кривична постапка против дел од обвинителите и судиите од Судот.

Претседателството на Собранието на државите членки на Меѓународниот кривичен суд рече дека жали за обидите да се попречат меѓународните напори за обезбедување одговорност за дела кои се забранети според општото меѓународно право.

„Меѓународниот кривичен суд ја отелотворува нашата колективна посветеност да се бориме против неказнивоста за најтешките меѓународни злосторства. Како институција од последна инстанца, Судот е комплементарен на националните јурисдикции. Ги повикуваме сите држави да ја почитуваат нивната судска и обвинителска независност“,

додаваат од претседателството на Собранието на државите членки на МКС.

Поранешниот руски претседател и сојузник на актуелниот шеф на Русија, Дмитриј Медведев, претходно изјави дека секој обид за апсење на рускиот претседател ќе значи објава на војна против Русија. Нагласи и дека Судот во Хаг, кого Русија, Кина и САД не го признаваат, е „правен субјект“ кој никогаш не направил ништо значајно.

„Очигледно ова никогаш нема да се реализира, но сепак да замислиме – шефот на држава на нуклеарна сила оди, на пример, во Германија и е уапсен. Што би било тоа? Објавување војна против Русија. И во тој случај, сите наши средства – проектили и слично ќе одлетаа до Бундестагот, до канцеларијата на канцеларот“,

рече Медведев.

Откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг го издаде налогот за апсење на Путин, Истражниот комитет на Русија отвори кривична постапка против еден обвинител и тројца судии од Судот кои го спровеле налогот.

Налогот за апсење на Путин го обвинува рускиот лидер за воени злосторства и за незаконско депортирање на илјадници украински деца. Ваквиот правен потег ќе ги обврзе 123-те земји членки на Судот да го уапсат Путин и да го префрлат на судење во Хаг доколку тој стапне на нивна територија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Доделени признанија и благодарници на повеќекратни крводарители во Ѓорче Петров

Следно

Жителите на Луботен до градоначалникот на Бутел: 10 годишната работа, вие ја завршивте за 1 месец (ВИДЕО)

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop