Столтенберг: Финска утре се приклучува на НАТО, и Украина ќе стане членка на Алијансата

April 3, 2023
1 min read

Процесот на ратификација во 30-те земји членки на НАТО беше завршен на 31 март со одобрението на турскиот парламент за пристапување на Финска, која поднесе барање за членство во НАТО во мај 2022 година

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека утре ќе биде поставено знамето на Финска пред седиштето на Алијансата во Брисел.

Финска утре ќе стане 31. членка на НАТО.

„Утре ќе ја пречекаме Финска како 31. членка. Утрешното приклучување на Финска во НАТО ќе биде добар ден за финската безбедност, нордиската безбедност и за НАТО како целина. Исто така е добро и за Шведска. Ставот на НАТО за кандидатурата на Украина останува непроменет – Украина ќе стане членка на Алијансата“,

изјави Столтенберг во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.

Исклучително е важно да покажеме дека вратите на НАТО се отворени, што ќе го направиме утре, кога Финска ќе стане полноправна членка, додаде шефот на НАТО.

„Тоа ќе го демонстрираме и кога процесот на пристапување на Шведска ќе биде финализиран, се надеваме дека во блиска иднина“,

рече Столтенберг.

Процесот на ратификација во 30-те земји членки на НАТО беше завршен на 31 март со одобрението на турскиот парламент за пристапување на Финска, која поднесе барање за членство во НАТО во мај 2022 година.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Османи од Рим: Потребни се похрабри одлуки од ЕУ кон Западен Балкан

Следно

Папа Франциск: Социјалната сигурност мора да биде праведна и одржлива за идните генерации

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop