Стоилковиќ вели дека ќе го праша „360 степени“ кого да покани за следната Светосавска академија наместо Драгослав Бокан

4 mins read

Лидерот на ДПСМ, Иван Стоилковиќ, беше претседател на организацискиот одбор на Светосавската акедемија што по повод Денот на Св. Сава, кој е национален празник на Србите во С Македонија, се одржа на 27 јануари, односно минатиот петок во Македонскиот народен театар. Во тоа својство го прашавме Стоилковиќ зошто Драгослав Бокан бил поканет да беседи на настанот, имајќи ги предвид неговите контроверзни изјави за земјава дадени не толку одамна

„На Светосавската академија не беше искажан ниеден проблематичен збор. А, за следната академија ќе ве прашаме вас кого можеме да поканиме“, ни изјави Стоилковиќ

Во рамките на овогодишното одбележување на националниот празник на Србите во С Македонија, освен централната манифестација во Скопје на 27 јануари, ден претходно свечена Светосавска академија се одржа и во Куманово, на која домаќин беше градоначалникот Максим Димитриевски. И на Академијата во Куманово свечената беседа ја одржа Драгослав Бокан

Наместо коментар и одговор на прашањето на „360 степени“ зошто на Светосавската академија минатиот петок за беседник бил поканет Драгослав Бокан, според кого Македонија е вештачки конструкт кој треба да се распадне, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), Иван Стоилковиќ, ни рече дека за следната академија ќе го праша нашиот медиум кого да поканат.

Иван Стоилковиќ, лидер на Демократската партија на Србите во Македонија/Фото: Принтскрин

Лидерот на ДПСМ беше претседател на организацискиот одбор на Светосавската акедемија што по повод Денот на Св. Сава, кој е национален празник на Србите во С Македонија, се одржа на 27 јануари, односно минатиот петок во Македонскиот народен театар. Во тоа својство го прашавме Стоилковиќ зошто Драгослав Бокан бил поканет да беседи за Св. Сава, имајќи ги предвид неговите контроверзни изјави за земјава дадени не толку одамна.

„На Светосавската академија не беше искажан ниеден проблематичен збор. А, за следната академија ќе ве прашаме вас кого можеме да поканиме“,

ни изјави Стоилковиќ.

Тој во телефонски разговор со „360 степени“ рече дека Бокан изминатите години трипати учестувувал на Светосавската академија која традиционално се организира по повод празникот и ги оцени како неосновани пишувањата на „360 степени“.

Стоилковиќ е пратеник во македонското Собрание каде дејствува како опозиционер, односно партијата со која раководи е дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, според она што може да се пронајде на интерент и на видео-каналот „Јутјуб“, Бокан беседел на Свестосавската академија на 27 јануари 2019 година во Скопје, четири месеци пред неговиот настап на „Хепи ТВ“, каде што ги изнесе контроверзните ставови за Македонија.

Момент од беседата за Св. Сава на Драгослав Бокан во Македонскиот народен театар на 27 јануари 2023 година/Фото: Принтскрин

Во рамките на овогодишното одбележување на националниот празник на Србите во С Македонија, освен централната манифестација во Скопје на 27 јануари, ден претходно свечена Светосавска академија се одржа и во Куманово, на која домаќин беше градоначалникот Максим Димитриевски.

И на Академијата во Куманово свечената беседа за Св. Сава ја одржа Драгослав Бокан, во присуство на лидерот на ДПСМ, Стоилковиќ, вицепремиерот и министер за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ, во својство на личен претставник на српскиот претседател Александар Вучиќ. На манифестацијата во Куманово, како и на Академијата во Скопје, пред присутните се обрати и Радован Ковачевиќ, во својство на личен пратеник и советник на претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Драгослав Бокан, кој на двете свечени академии беше претставен како книжевник, колумнист и публицист, а кој во својата биографија го има и учеството во војните во поранешна Југославија како припадник на паравоените српски формации, во 2019 година во гостување во утринска програма на „Хепи ТВ“ ќе каже дека Македонија е артифициелен (вештачки) конструкт, на кој како таков судбината му е да се распадне.

„Целата историја на модерна Македонија е некој вид артифициелна операција, конструкт на нешто што не е најјасно дефинирано, ниту црковно, ниту народно, ниту државно. Тоа со името е само дел од таа приказна која трае уште од 1945 година кога практично Македонија е тотално десрбизирана и оттргната од сопствената историја, така да речеме дека Првата балканска војна практично е необјаснива, нејасна кога гледаме од перспектива на таа автохтона Македонија во која нема ништо српско, ниту има некаква врска со нас, дури е дел од некаква антисрпска коалиција од моментот кога ги прими НАТО-трупите и ги пушти на нас. Од таа страна, приказната за Македонија е приказна за еден вештачки конструкт, каков што беше Југославија и сите вештачки конструкти се распаѓаат како што се распадна Југославија“,

ќе каже Бокан на 4 јуни 2019 година кај водителот на српската „Хепи ТВ“, Миломир Мариќ.

Беседата на Бокан во петокот во Скопје беше во созвучје со пригодата и не предизвика никакви реакции. Сепак, два моменти предизвикуваат интерес – споменувањето на Владимир Ерн, руски филозоф од почетокот на минатиот век, релативно непознат на Запад, и потенцирањето на локацијата на собирот – царскиот град Скопје.

Од она што може да се најде во ретките публикации на интернет, претежно од есеи и слични филозофски осврти, Ерн е претставник на „рускиот национализам“ од овој период, втемелен на православните традиции, кој ја истакнува непомирливоста меѓу западната и руската филозофска мисла.

„…Се состанавме со меѓусебно разбирање на светосавскиот празник на Христос Спасителот и тоа во царскиот град Скопје, кој сите нас овде присутни засекогаш нè врзува во мир и нè инспирира преку единството во различноста на нашата заедничка историја и во тагата и во радостите. Бог со нас“,

беа зборовите со кои Бокан ја заврши својата беседа во Скопје.

Инаку, на Светосавската академија во петокот во првите редови во Македонскиот народен театар беа неколкумина високи претставници на Владата, а премиерот Димитар Ковачевски беше еден од говорниците. Во првиот ред беше и раководството на ВМРО-ДПМНЕ – лидерот Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски.

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Светосавската академија/Фото: Принтскрин

На прашања на „360 степени“ упатени до Владата – дали знаеле за учеството и улогата на Драгослав Бокан на манифестацијата, оттаму одговорија дека на барање на Српскиот културен центар – Скопје ја поддржале реализацијата на проектот Свечена светосавска академија „Денови на Свети Сава“, во чест на одбележувањето на националниот ден на Србите во земјава, со одобрување финансиски средства според овогодишните можности и согласно практиката од претходните години.

Но, освен финансиската поддршка, од Владата посочија дека не биле вклучени директно во прашања од организациска природа и листа на говорници.

Идентични прашања испративме и до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде што не добивме одговор.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Ни Русија ни Кина не е непријателот

Следно

„Зимска вежба 2023“, најобемната воена вежба во историјата на Туркије

Latest from Blog

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

Милица Дабовиќ некогаш беше позната како успешна кошаркарка на српската репрезентација, но денес нејзиниот живот доби

УЕФА ја казни Барселона

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за