Стефковски го претстави предлогот: Граѓаните сакаат зонско паркирање во Автокоманда

1 min read

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вчера во Културниот дом Димитар Влахов во Автокоманда оддржа јавна презентација на Сообраќајната студија за режим на сообраќај во Автокоманда, како и на предлогот за воведување на Зонско паркирање.

Општина Гази Баба има спроведено теренска анкета со посета на сите домаќинства во Автокоманда на која мнозинството од домаќинствата даде поддршка на пакетот кој е понуден на граѓаните во Автокоманда за воведување на Зонско паркирање.

– Им благодарам на жителите на Автокоманда кои во голем број вечерва беа на средбата и ги истакнаа своите предлози, идеи и забелешки. Продолжуваме низ дијалог со граѓаните на Автокоманда да работиме на изнаоѓање на вистинското решение. По средбата вечерва можам да кажам дека сме на вистинскиот пат, напиша Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Комитетот на Државната дума препорачува да се суспендира учеството на Русија во договорот „Нов СТАРТ“

Следно

Силни експлозии во Харков

Latest from Blog