Српскиот министер за внатрешни работи: Ова е терористички акт

May 5, 2023
1 min read

Пред Ургентниот центар во Белград, пак, сликите се потресни. Насобрани роднини на ранетите очекуваат да дознаат информации за состојбата

Братислав Гашиќ / Фото: МВР на Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ, вечерашното пукање кај Младеновац го оцени како терористички акт, пренесуваат српските медиуми.

Дел од медиумите јавија и дека тој е на терен со полицијата и ја следи ситуацијата и интензитетот на потрагата по осомничениот напаѓач.

Во пукањето кај селото Дубона, кај Младеновац, убиени се најмалку осум лица. Дел од медиумите јавуваат и дека оваа бројка се искачила на 10. Најмалку 13, пак, се ранети.

Осомничен е 21-годишниот Урош Б. кој е во бегство. Во недостиг на официјални информации, српските медиумите наведуваат дека тој продолжил со пукањето и додека бегал од полицијата. Неофицијално пукал на најмалку три локации од кои едната и кај Мало Орашје, во близина на Смедерево.

Повеќе медиуми објавија и дека тој се наоѓа во селото Шепшин кое е под опсада на полицијата. Тој преговара со полицајците, но не сака да се предаде. Стравувањата, како што јави Н1 ТВ, се дека може да држи и заложници.

Пред Ургентниот центар во Белград, пак, сликите се потресни. Насобрани роднини на ранетите очекуваат да дознаат информации за состојбата на пациентите.

Во акцијата се вклучени сите специјални единици на српското МВР, ангажирани се и хеликоптери и дронови, а на терен се и бројни медицински екипи.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Српски медиуми: Расте број на мртви – тројца убиени кај Младеновац, напаѓачот сè уште пука?

Следно

Најмалку осум мртви кај Младеновац, напаѓачот сè уште во бегство – можно е да држи заложници?

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop