Најмалку осум мртви кај Младеновац, напаѓачот сè уште во бегство – можно е да држи заложници?

1 min read

Телевизијата Н1 јавува дека тој преговара со полицијата и не сака да се предаде, а неофицијално постојат и сомнежи дека има заложници

Фото: Н1 ТВ

Најмалку осум лица се убиени во пукањето кое ноќеска започна во селото Дубона кај Младеновац. Меѓу жртвите има и деца.

Најмалку 13, пак, се ранети.

Осомничен за нападот е 21-годишниот Урош Б. Првично медиумите јавија дека почнала расправија во училиштен двор од каде момчето заминало и се вратило со автоматско оружје со кое почнало да пука. Медиумите веќе објавија и фотографија од осомничениот.

Медиумите во Србија објавија и фотографија од осомничениот

Од Дубона тој со возило „мерцедес“ избегал, но продолжил да пука.

Неофицијално, пукал на три локации, меѓу кои и во Мало Орашје, во близина на Смедерево.

Сите специјални единици на српското МВР се на терен, како и жандармеријата, а во акцијата се вклучени и хеликоптери и дронови.

Според медиумските извештаи, напаѓачот пука и кон полицијата, а во моментов се наоѓа во селото Шепшин кое е под опасада од полицијата.

Телевизијата Н1 јавува дека тој преговара со полицијата и не сака да се предаде, а неофицијално постојат и сомнежи дека има заложници.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Српскиот министер за внатрешни работи: Ова е терористички акт

Следно

Ибрахимовиќ го напушта Милан на крајот од сезоната

Latest from Blog