Српскиот министер за одбрана негира оти Србија ѝ испраќала оружје на Украина

April 12, 2023
1 min read

Изјавата на министерот Милош Вучевиќ следува откако новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на протечените документи на Пентагон, објави дека Србија се согласила да испорача оружје во Киев или веќе го испорачала

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека Србија ниту продавала, ниту ќе продава оружје на украинската или руската страна, ниту, пак, на земјите кои на некој начин се вклучени во овој конфликт.

Изјавата на Вучевиќ следува откако новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на протечените документи на Пентагон, објави дека Србија се согласила да испорача оружје во Киев или веќе го испорачала.

„Нечија цел е очигледно да ја дестабилизира нашата земја и да ја вовлече во конфликт во кој нема да учествуваме. Ние постојано се држиме до нашата воспоставена политика“,

рече српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ.

Милош Вучевиќ, министер за одбрана на Србија

Вучевиќ додаде дека по којзнае кој пат е објавена лагата оти Србија ѝ продава оружје на Украина.

„Ние ги негиравме тие невистини повеќе од десет пати, и еве нè, ​​ќе го повториме тоа. Србија нема, ниту ќе продава оружје на украинската или руската страна, ниту на земјите што го опкружуваат тој конфликт. Сè што е објавено на таа тема се невистинити шпекулации“,

рече Вучевиќ.

Протечениот документ на Пентагон со наслов „Европа – Одговор на тековниот руско-украински конфликт“, како што објави Ројтерс, е во форма на графикон во кој се резимирани позициите на 38 европски влади и нивниот одговор во врска со барањата на Украина за воена помош.

„Табелата покажа дека Србија одбила да обезбеди обука за украинските сили, но ветила дека ќе испрати воена помош или веќе ја доставила. Исто така, се вели дека Србија има политичка волја и воена способност во иднина да ѝ обезбедува оружје на Украина“,

објави Ројтерс.

Новинската агенција додаде дека документот ја носи ознаката „доверливо“ и НОФОРН – ознака со која се забранува негова дистрибуција на странски разузнавачки служби и војски. 

MARKETING

MARKETING

Претходно

Обвинителство: Се преземаат мерки за расчистување на случајот со починатото дете кое беше нападнато од куче

Следно

Видео: Децата од градинката „Синоличка“ го изненадија градоначалникот Ѓорѓиевски

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop