Српската полиција објави видео од апсење демонстранти кои повикувале на рушење на Вучиќ и на Владата

February 16, 2023
1 min read

Три лица се уапсени, а српските власти ги сомничат дека повикувале граѓаните да се соберат и да ги срушат претседателот Вучиќ и Владата на Србија

Српското Министерство за внатрешни работи (МВР) потврди дека уапсило вкупно три лица поврзани со синоќешните протести на десничарите против француско-германскиот предлог за решавање на прашањето со Косово.

Полицијата објави и видео од приведувањето на две лица кои се меѓу организаторите и говорниците на протестот, како и едно лице кое беше уапсено со карабин.

Од видеото се гледа како полицајците ги соборуваат на земја, ги претресуваат и приведуваат.

Тројцата се товарат дека ги повикувале граѓаните да се соберат во што поголем број во Белград и насилно да ги срушат претседателот Александар Вучиќ и српската влада.

Синоќешниот протест на српските десничари започна со собир кај споменикот на рускиот цар Николај во Белград, потоа продолжи пред зградата на Претседателството на Србија, а заврши пред полициска станица каде што демонстрантите тврдеа дека се наоѓаат приведени граѓани. Беа забележани и неколку инциденти како рушење на оградата пред Претседателството и обид за насилен влез во полициската станица.

Демонстрантите бараа Вучиќ или да си поднесе оставка или да ја промени политиката кон Косово, а со себе носеа и руски знамиња, како и транспаренти со проруски пораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

Демонстранти ја срушија оградата пред Претседателството на Србија: „Каде е Вучиќ“, „Предавство“

Вучиќ за демонстрантите што му бараа оставка: Не знам дали се проруски, но со сигурност се антисрпски

(ФОТО) Српските десничари го завршија протестот: Пратеник се обиде насилно да влезе во полициска станица

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трет ден по ред дојави за бомби во скопските училишта

Следно

ФЗОМ: Очекуваме следната недела да почне исплатата на платите за здравствените работници

Latest from Blog

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде

Сиљановска-Давкова и Бегај во Охрид: Двете земји можат да постигнат успех во заштита на Охридското езеро, природата и заедничкото природно богатство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и
Go toTop