Српската десница на протест против договорот со Косово

1 min read

Десничарските партии кои денеска учествуваа на протестот претходно испратиле писмо до претставниците на Европската Унија и амбасадите на земјите кои не го признаа Косово, во кое го изразиле своето противење на договорот на ЕУ за нормализација и оцениле дека е „ништовен“

Приврзаници на четири опозициски парламентарни партии од српската десница денеска го блокираа сообраќајот пред зградата на владата во центарот на Белград, барајќи отфрлање на договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Побараа и оставка од српскиот претседател Вучиќ и распишување на вонредни избори.

Учесниците на протестот носеа маици со буквата „З“ која е симбол на руската агресија на Украина и транспаренти со написи „Не за капитулација“ и  „Оставка за Вучиќ“.

Движењето Двери, Заветници, Нова демократска партија на Србија и Движењето за обновување на Кралството Србија објавија дека организирале собири и блокади на градските седишта во другите градови ширум Србија.

„Идејата е ова да биде почеток на предупредувачките протести кои ќе се одржат во наредниот период“,

рече лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ.

Фото: Нова.рс

Протестот во Белград под слоганот „Не за капитулацијата“ започна во 12 часот и 44 минути, како алузија на Резолуцијата 1244 на Обединетите нации за Косово и на денот во 1999 година кога започна НАТО-бомбардирањето на тогашната Сојузна Република Југославија.

На 24 март 1999 година НАТО започна интервенција поради егзодусот и воените злосторства извршени од српските сили врз албанското население за време на војната во Косово.

Десничарските партии кои денеска учествуваа на протестот претходно испратиле писмо до претставниците на Европската Унија и амбасадите на земјите кои не го признаа Косово, во кое го изразиле своето противење на договорот на ЕУ за нормализација и оцениле дека е „ништовен“.

Писмото било испратено до претставниците на ЕУ, Жозеп Борел и Мирослав Лајчак, како и членови на Европскиот парламент и амбасадите на Шпанија, Романија, Грција, Кипар и Словачка.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Потпишан Договор за збратимување помеѓу скопските општини Чаир и Сарај со малтешката Општина Л-Исла

Следно

Нетанјаху во Лондон пречекан со свирежи и повици поради реформите во правосудството во Израел

Latest from Blog