Screenshot

Советот на Општина Битола одобри 11,5 милиони денари за заштита на животната средина

January 17, 2026
1 min read

Советот на Општина Битола ја усвои Програмата за животна средина за 2026 година, со која се предвидени вкупно 11,5 милиони денари за мерки и проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот и заштита на здравјето на граѓаните.

Програмата има за цел унапредување на состојбите во животната средина преку подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, поефикасно управување со отпадот, намалување на дивите депонии, заштита од бучава, подигнување на јавната свест и активно вклучување на локалната заедница, како и зголемување на зелените површини и урбаното зеленило во градот.

Со одлука на Советот, 1,5 милиони денари ќе бидат наменети за изработка на стратегија за развој на зеленило, 3 милиони денари за субвенционирање на инвертер клима-уреди, еден милион денари за субвенции за замена на дограма во домаќинствата, еден милион денари за субвенционирање на велосипеди, додека 3 милиони денари ќе се издвојат за поставување подземни садови за собирање на комуналниот отпад. Дел од средствата се планирани и за реализација на креативни еколошки проекти.

 

Општината најавува и посебни активности за заштита од бучава, кои ќе опфатат мапирање на критичните локации и изработка на план за мерење по зони, со дневни и ноќни мерења. Во овие активности, покрај општинскиот тим, ќе биде вклучен и Центарот за јавно здравје – Битола.

За поуспешна реализација на програмата, ќе се спроведуваат засилени инспекциски контроли, како и превентивни и промотивни акции, меѓу кои денови без автомобили, денови на пешачка мобилност и мерки за поттикнување на превоз без емисии.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот Коњановски ги слушна предлозите на месните и урбаните заедници

Следно

Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место

Latest from Blog

Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со

Градоначалникот Коњановски ги слушна предлозите на месните и урбаните заедници

Во просториите на Општина Битола се одржа традиционалната средба со претседателите на месните и урбаните заедници на градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, а на средбата беа присутни и секретарот Борче Димитровски,

Почина претседателот на Фиорентина

Фото: Фиорентина Х Фиорентина извести дека претседателот на клубот, Роко Комисо, починал по долго боледување. Шефот на „виолетовите“ наполни 76 години минатиот ноември, а во долга порака на веб-страницата на клубот, Фирентинците

Собор на Светите Седумдесет aпостоли

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 јануари. Собор на Светите Седумдесет aпостоли Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги

Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за
Go toTop