Проданоски: Лука Најдоски е гордост на Прилеп и доказ дека младите имаат светска иднина

January 16, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати јавна честитка до шеснаесетгодишниот Лука Најдоски, актуелен светски јуниорски шампион во воздухопловно моделарство, нагласувајќи дека неговиот успех е гордост не само за Прилеп, туку и за државата.

Лука Најдоски, член на воздухопловниот клуб „Фил Феникс“, го освои првото место на Светскиот куп во категоријата Ф1А – едрилици, во силна јуниорска конкуренција од целиот свет. Дополнително, тој се наоѓа и на 13. место на светската сениорска ранг-листа за 2025 година, што, според Проданоски, е редок и исклучителен спортски успех за толку млад спортист.

Проданоски истакна дека Најдоски моментално се школува во Воздухопловната академија во Белград, на смер за авиотехничари, дефицитарна и значајна професија, и дека неговата посветеност и визија за иднина во воздухопловството се пример за младите.

Посебни честитки беа упатени и до братот на Лука, Дино Најдоски, кој исто така е активен и успешен во воздухопловното моделарство, како дел од спортска семејна приказна што го промовира Прилеп на меѓународно ниво.

Градоначалникот најави дека Прилеп ова лето ќе биде домаќин на Светското јуниорско и Европското сениорско првенство во воздухопловно моделарство, кои ќе се одржат од 26 јули до 2 август на теренот во селото Веселчани, со учество на околу 45 репрезентации и над 450 натпреварувачи од целиот свет.

„Ваквите млади луѓе се нашиот најголем капитал и доказ дека вложувањето во спортот и знаењето носи врвни резултати“, порача Проданоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шок на “Итихад“: Пеп во јуни си оди, познати се можните наследници?!

Следно

Сиљановска Давкова: Европските интеграции ни се високо на агендата

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop