Собор на Светите Седумдесет aпостоли

January 17, 2026
1 min read

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 јануари.

Собор на Светите Седумдесет aпостоли

Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа се двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1 – 5). Но како што еден од Дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господ така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, но не со намера за предавство туку според човечка немоќ и маловерност (Јован 6, 66). И како што местото на Јуда беше пополнето со друг апостол така и овие места беа пополнети со други избраници. Овие апостоли се трудеа на истото дело како и Дванаесетте големи апостоли и им беа помошници на Дванаесеттемина во ширењето и утврдувањето на Божјата Црква во светот. Претрпеа многу маки и пакости од луѓето и од демоните, но нивната тврда вера и ревносна љубов кон воскреснатиот Господ ги направија победници на светот и наследници на Небесното Царство.

Тропар
Апостоли свети, молете Го милостивиот Бог да ни подари простување на нашите согрешенија.

Евнухот на царицата Кандакија

Овој црнец и евнух прими Крштение од Светиот апостол Филип (Дела 8, 26 – 40). По ова се врати дома и почна да Го проповеда Христа. Тој беше првиот апостол меѓу црнците во Етиопија. Заврши маченички и се удостои со Царството Божјо.

Преподобниот маченик Онуфриј Хилендарец

Како млад им се налути на родителите и пред Турците изјави дека ќе се потурчи. Веднаш потоа се покаја за тие зборови, отиде во Хилендар и се замонаши. Го мачеше совеста и се одлучи за мачеништво. Со благослов на неговиот духовник појде во Трново пред Турците и се објави како христијанин, го исмеа Мухамед и за ова го заклаа на 4 јануари 1818 година во триесет и втората година од неговиот живот. Телото на овој духовен витез не е сочувано, зашто Турците го фрлија во морето.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Антун Пустиник.

Бил роден во 250 година во Коми, во среден Египет. Неговите родители биле богати и угледни граѓани. Неговите родители умреле кога имал 18 години. Поттикнат од Божјиот повик, им го разделил своето богатство на сиромашните и отишол во пустина да живее покорен живот. Со молитва и одрекнување сакал да постигне поголемо совршенство. Кога царот Максимијан почнал во Египет да ги прогонува христијаните, Антун, загрижен за црквата, ја напуштил пустината и отишол во Александрија каде го проповедал христијанството. Во 311 година, повторно се вратил во пустината. По него тргнале многу млади луѓе кои биле воодушевени од христијанскиот идеал и бројот на пустиници брзо пораснал на 6.000. Умрел во 356 година, на 105-годишна возраст.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози

Следно

Почина претседателот на Фиорентина

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Во целост е отплатена еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година

3 јуни 2026, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска соопшти дека во целост е затворен процесот на отплата на Еврообврницата изддена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

Коњановски: Плоштадот „Гоце Делчев“ ќе стане простор по мерка на граѓаните

Општина Битола денеска организираше граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“. Преку форумот граѓаните имаа можност да ги изнесат своите мислења и согледувања насочени кон разубавување на нашиот плоштадот. Пред присутните

Коњановски: Битола изгради системски пристап за хуман третман на бездомните кучиња

Тони Коњановски учествуваше на состанок организиран од Агенцијата за храна и ветеринарство во Битола, на кој со претставници од општините од Пелагонискиот регион се дискутираше за ангажманот на локалната заедница во управувањето

Wolt пристигна во Охрид: Достава од Канео до Далјан

Wolt пристигна во Охрид во најзабавниот и најдинамичен период од годината, кога градот на УНЕСКО повторно станува центар на летните случувања, туристите и долгите вечери покрај езерото. Почнувајќи од ова лето жителите
Go toTop