Сопственик на едно од опожарените возила на Бит-пазар е поранешен судија и актуелен универзитетски професор

May 8, 2023
1 min read

Тој во изјава за „360 степени“ вели дека не се сомнева во никого дека пожарот бил намерно предизвикан оти, како што ни рече, не бил скаран со никого

Четири автомобили утринава се опожарени на улицата „Цветан Димов“ во близина на Бит-пазар, информираат од МВР. Пожарот бил пријавен околу 3 часот по што екипи на Противпожарната единица интервенирале и го изгаснале.

„На 8.5.2023 во 3:11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. ‘Цветан Димов’ во Скопје настанал пожар во патничките возила ‘опел’ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С. (41) од Скопје, ‘фолксваген голф’ со гостиварски регистарски ознаки сопственост на О.С. (46) од Гостивар, ‘пежо’ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М. (27) од Скопје и ‘ауди’ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М. (26) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема“,

велат од МВР.

Сопственик на опожареното возило марка „голф 8“ е поранешен судија од гостиварскиот Основен суд и актуелен професор на Меѓународниот универзитет во Струга, Сејфула Османи.

„Чекаме на истражните органи да дадат повеќе информации за причините за пожарот на автомобилот“,

изјави Османи за „360 степени“.

Тој вели дека не се сомнева во никого дека пожарот бил намерно предизвикан оти, како што ни рече, не бил скаран со никого.

Инаку, како што се претпоставува, но и како што може да се види од терен, огнот почнал од неговиот автомобил. Во близина, пак, е паркирано и другото возило кое е во негова сопственост, а кое воопшто не е оштетено. „Голфот“ на паркингот пред зградата во која живее Османи вчера околу 16:30 часот го оставил неговиот син и оттогаш не бил користен. Околу 3 часот ноќеска тој видел дека нешто гори од прозорецот на станот во кој живее, а кога се симнал на паркингот видел дека станува збор за неговиот „голф“.

Од она што може да се види на терен, едно од возилата е целосно уништено од огнот. Возилото паркирано десно од него, според трагите што сведочат за пожарот, е сериозно оштетено, особено левата страна, а огнот ја зафатил и десната страна на автомобилот марка „опел астра“. Засега нема официјални информации за настанот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гугл е алармантно назад со вештачката интелигенција

Следно

Ердоган: „Решително ќе ја продолжиме борбата против терористичките организации и силите зад нив“

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop