Службата на трговскиот претставник на САД ги додаде Белорусија и Бугарија на листата за следење

1 min read

Службата на трговскиот претставник на САД (УСТР) ги додаде Белорусија и Бугарија на својата листа за следење за почитување на правата на интелектуална сопственост.

Минск беше додаден на списокот поради новиот закон со кој се легализира неовластената употреба на дела заштитени со авторски права од страна на земјите кои воведоа санкции кон Белорусија поради нејзината улога во поддршката на војната во Украина предводена од Русија.

Бугарија, сојузник на САД во НАТО, е на списокот за следење бидејќи Софија не ги решила доволно недостатоците во истрагата за случаите на онлајн пиратерија. Минатата година УСТР најави дека ќе изврши преглед на Бугарија токму поради таа причина.

Извештајот сега вклучува 29 земји на списокот за набљудување или приоритетен надзор за недостатоци и прекршување на правата на интелектуална сопственост. На годинашната приоритетна листа се Кина, Чиле, Аргентина, Индија, Индонезија, Русија и Венецуела.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Мисајловски: Ние не сме против изградба на автопатишта, но не на ваков начин и ваков договор!

Следно

Интер се засилува од Јувентус

Latest from Blog