Словенија и Хрватска меѓу петте европски земји со најдобри услови за живот

March 2, 2023
1 min read

Словенија со четврто место и Хрватска со петто место се рангирани меѓу петте земји во Европа со најдобри услови за живот, објави сајтот „Croatia Week“.

Анкетата ја спроведе блогот „My Dolce Casa“, кој објавува материјали за патување, преселување, живеење и пензионирање во различни земји. Нејзиното рангирање вклучува 15 европски земји кои нудат комбинација на висок квалитет на живот и разумни трошоци.

„Четвртото место на Словенија може да биде изненадување за некои, но оние кои ја посетиле земјата барем еднаш ќе разберат зошто оваа потценета земја се рангира толку високо меѓу најдобрите европски земји за живеење“, се вели на блогот.

Главните причини за изборот за живеење во Словенија, според истражувањето, се „неверојатната природна убавина, планините кои го одземаат здивот, инфраструктурата и безбедноста од светска класа“.

„Хрватска повеќе не е скриеното богатство на Европа како што беше“, се наведува во студијата.

Јадранското крајбрежје, приморските градови, чистата сина вода и убавото време се меѓу причините што блогот ги наведува за изборот на живот во Хрватска.

„Хрватска го заработува своето место на листата благодарение на ниските трошоци за живот и рејтингот за квалитет на живот, нудејќи исклучителен начин на живот по разумни цени“, се заклучува во студијата. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Ги испратив мажот и синот во воз, а добив пепел“ – мајка во шок по трагедијата во Грција

Следно

Авион на „Визер“ од Дортмунд за Охрид, принудно слета во Венеција

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop