Следната недела во Кисела Вода ќе биде претставена стратегијата за развој на културата и културното образование

February 10, 2023
1 min read

Од општина Кисела вода информираат дека информативна сесија по повод стратегијата за развој на културата и културното образование ќе се одржи во четврток, на 16.02.2023 во Дом на Културата Билјана Беличанец Кисела Вода, со почеток во 10:45 часот.

Целта на раководството на општина Кисела Вода е зајакнување на локалната културна позиција на општината. Со позиционирање на културата како еден од главните столбови кои ќе го инспирираат развојот на општината, преку стручна анализа која беше спроведена во минатата година, раководството ќе ја презентира предлог „Стратегија за развој на културата 2023+“ пред стручната јавност и културните работници, велат од општината. 

Оттука, Општина Кисела Вода ги поканува сите локални уметници, здруженија и организации кои работат во оваа сфера, да бидат дел од оваа информативна сесија на која ќе се презентира и дискутира и новиот конкурс за култура, се вели во поканата. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Чудата продолжуваат, преживеани се извлекуваат и по 100 часа од земјотресите во Туркије

Следно

Падна владата на Молдавија

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки
Go toTop