Северна Кореја: Вежбите меѓу САД и Јужна Кореја водат до нуклеарна војна, ние ќе одговориме

1 min read

Американските и јужнокорејските сили спроведуваат серија годишни пролетни вежби од март, вклучувајќи воздушни и поморски вежби во кои учествуваат американски носач на авиони и бомбардери Б-1Б и Б-52

Северна Кореја денеска ги обвини САД и Јужна Кореја за ескалација на тензиите до работ на нуклеарна војна преку нивните заеднички воени вежби и вети дека ќе одговори со „офанзивна акција“, пренесува Ројтерс повикувајќи се на севернокорејски државни извори.

„Непромислената воена конфронтирачка хистерија на САД и нивните следбеници против Демократска Народна Република Кореја ја доведува ситуацијата на Корејскиот Полуостров до неповратна катастрофа… на работ на нуклеарна војна“,

се вели во написот цитиран од Ројтерс.

Американските и јужнокорејските сили спроведуваат серија годишни пролетни вежби од март, вклучувајќи воздушни и поморски вежби во кои учествуваат американски носач на авиони и бомбардери Б-1Б и Б-52.

Северна Кореја бурно реагираше на вежбите, нарекувајќи ги проба за инвазија и ја засили својата воена активност во последниве недели, откривајќи нови, помали нуклеарни боеви глави, ветувајќи дека ќе произведе повеќе материјал за нуклеарно оружје.

Минатиот месец Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета способна да ги погоди САД, како одговор на сојузничките вежби.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Сејдини: Фудбалот со Чеферин сигурно е на вистинскиот пат

Следно

Акција „Армагедон“ на српската полиција: Уапсени 12 педофили, демнеле деца на интернет и договарале средби со нив

Latest from Blog