Северна Кореја истрела две балистички ракети

1 min read

Лансирањето на двете ракети доаѓа само два дена откако Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета која падна во Јапонското Море, што ги натера САД да одржат одделни воздушни воени вежби со Јужна Кореја и Јапонија

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун предупреди дека земјата ќе лансира повеќе ракети доколку САД не ги прекинат воените вежби со Јужна Кореја

Северна Кореја рано утринава истрела две балистички ракети во водите во близина на нејзиниот источен брег, два дена откако лансира интерконтинентална балистичка ракета во водите кај западниот брег на Јапонија, што, пак, ги натера САД да одржат заеднички воздушни вежби со Јужна Кореја и одделно со Јапонија во неделата.

Севернокорејските медиуми потврдија дека се истрелани два проектила насочени кон цели кои се оддалечени 395 километри и 337 километри.

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун предупреди дека земјата ќе лансира повеќе ракети доколку САД не ги прекинат воените вежби со Јужна Кореја.

Еден од највисоките функционери на земјата Ким Јо Јонг рече дека фреквенцијата на користење на Тихиот Океан како нивно стрелиште зависи од природата на акциите на американската војска, се вели во соопштението објавено на државната Корејска централна новинска агенција ( КЦНА).

Началникот на Генералштабот на Јужна Кореја ги осуди лансирањето нарекувајќи го „тешка провокација“ и рече дека треба веднаш да биде прекинато.

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека двата проектила, истрелани околу 23 часот по средноевропско време, достигнале максимална висина од околу 100 и 50 километри и паднале надвор од границите на Јапонија.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека Јапонија побарала итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради најновите лансирања на проектили од Северна Кореја, а советот за безбедност одлучи да го одржи состанокот денеска.

Лансирањето на двете ракети доаѓа само два дена откако Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета која падна во Јапонското Море, што ги натера САД да одржат одделни воздушни воени вежби со Јужна Кореја и Јапонија.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Во Скопје казнети 149 возачи, 64 од нив за брзо возење

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Меѓународната World Justice Project објавува дека корупцијата со оваа власт е двојно поголема во споредба со 2015, а владеењето на правото е многу влошено

Latest from Blog