Серхио Бускетс објави дека заминува од Барселона

May 10, 2023
1 min read

Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс, официјално ја објави својата одлука да го напушти клубот по крајот на сезоната. Актуелниот договор на 34-годишниот играч од средниот ред истекува ова лето и Чави Хернандез сакаше да го задржи во клубот, но на крајот играчот одлучи дека е време да го заврши престојот на „Камп Ноу“.

Веќе вчера шпанските медиуми открија дека Бускетс ја донел оваа одлука, а денеска ја објави во јавноста преку проштално видео објавено на социјалните мрежи. Така по 18 години во клубот, во кои освои апсолутно сѐ што е можно, Бускетс си заминува.

„Дојде време да објавам дека ова ќе биде мојата последна сезона во клубот. Уште од мал, додека гледав натпревари на телевизија, сонував да играм во овој дрес на овој стадион. Реалноста надмина сѐ што сонував. Кој можеше да каже кога пристигнав како млад дека можам да играм 15 сезони во првиот тим на најдобриот клуб во светот – клубот на мојот живот и клубот на кој сум бил и ќе продолжам да бидам навивач. Дека ќе бидам капитен и ќе успеам да одиграм над 700 натпревари за него? Беше чест, сон и гордост да се брани овој амблем толку многу години“, изјави меѓудругото Серхио Бускетс.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Следната недела започнува 14. Форум во Казан чиј глобален комуникациски партнер е Агенција Анадолу

Следно

ТРТ започнува со глобално емитување на својата нова платформа „табии“

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop