Следната недела започнува 14. Форум во Казан чиј глобален комуникациски партнер е Агенција Анадолу

1 min read

АНКАРА (АА) – Во Казан, главен град на Татарстан при Руската Федерација, ќе се одржи „Руско-исламски свет: Форум во Казан 2023“, на кој ќе учествуваат економските претставници на Русија и земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС), јавува Анадолу.

Агенција Анадолу е глобален комуникациски партнер на овој форум што ќе се одржи помеѓу 18 и 20 мај.

Овој форум има цел зајакнување на комерцијалните, економските, научните, техничките, социјалните и културолошките врски помеѓу Русија и земјите членки на ОИС.

Меѓу целите на овој форум се и ширење на исламските финансии и халал-индустријата во Русија, отворање нови пазари и откривање на економските можности.

Оваа година ќе се одржи 14. издание на овој форум, на кој ќе учествуваат претставници на меѓународни организации, претставници на јавни и финансиски институции, дипломати, политичари, инвеститори и бизнисмени.

Во рамките на форумот ќе се организираат околу 200 активности, вклучително и 140 тематски состаноци.

На програмата за експертски мислења ќе се разговара за теми од различни области, како што се исламски финансии, халал-индустрија, меѓународна соработка, логистика, индустрија, одржлив развој и ЕСГ, ИТ-технологии, иновации и инвестиции, младинско претприемништво, мали и средни претпријатија, женски перспективи, образование, медицина и спорт.

Овој форум за бизнисмените учесници овозможува наоѓање трговски, финансиски и технолошки партнери, како и влез во нови пазари и привлекување инвестиции.

Во овие рамки ќе се организира бизнис-саемот „Russia Halal Expo“ и „Russia Halal Market“ на кои, покрај халал производи и услуги, ќе бидат презентирани и проекти за инвестиции и инфраструктура. Исто така, ќе се организира и дефиле за конзервативна облека „Modest Fashion Day“.

Минатата година овој форум го посетија над 6.000 посетители од 64 различни земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Од тетовскиот грав до врвот на швајцарската кардиохирургија

Следно

Серхио Бускетс објави дека заминува од Барселона

Latest from Blog

„КЕЈТ Е ВО КОМА, ЛУЃЕ ВКЛУЧЕТЕ ГО МОЗОКОТ“: Нова теорија на заговор поради потегот на кралот Чарлс трети, драмата околу здравјето на Кејт не стивнува во светот!

Драмата околу здравствената состојба на принцезата Кејт Мидлтон продолжува, а последниот потег на кралското семејство наведе