Се повторува ли историјата – можен нов судир меѓу германски „панцери“ и руски тенкови

January 14, 2023
1 min read

Многу е веројатно дека на украинскиот фронт наскоро пак ќе се соочат германски и руски тенкови, исто како за време на Втората светска војна, но со таа разлика што сега Русите се негативците.

Одговорот на НАТО на руската агресија оваа недела доби нови димензии откако Франција и Полска најавија испраќање модерни тенкови на Украина, нешто што Киев го бараше со месеци. Оваа можност се разгледува и во Велика Британија и во Финска.

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, зборувајќи со украинскиот колега, Володимир Зеленски, во настапот во Лвов изјави дека се надева дека наскоро „тенковите од неколку западни сојузници наскоро ќе дојдат во Украина за да ја зајакнат нејзината одбрана“.

Овие изјави извршија дополнителен притисок врз Германија чија поддршка, имајќи го во предвид нејзиниот тенковски арсенал, пред се тенковите „Леопард 2“, се смета за клучна.

Фото: Armin Weigel/picture-alliance/dpa/AP

13 европски земји, вклучувајќи ги Полска и Финска, поседуваат вакви германски тенкови кои за да бидат пратени на Украина треба претходно да биде одобрено од Берлин. Последните сигнали од Германија се дека таа нема да го блокира ткавиот чекор.

„Германија не треба да застане на патот на другите земји да носат одлуки за поддршка на Украина, независно од тоа какви одлуки ќе донесе Берлин“,

изјави вицеканцеларот Роберт Хабек.

Заменик-портпаролката на германската влада, Кристијане Хофман, рече дека зсега не добиле официјално барање од Полска или Финска за реекспорт на германски тенкови во Украина.

„Нема прашање на кое би требало да му кажеме не. Но, ние сега велиме дека сме во постојана размена за тоа што е правилното нешто да се направи во овој момент и како најдобро би ја поддржиле Украина“,

изјави Хофман.

Европскиот совет за надворешни односи проценува дека има околу 2 000 тенкови од типот „Леопард 2“ низ Европа.

Украинскиот генерал Валери Залужни, на крајот на 2022, изјави дека на неговата војска и требаат околу 300 тенкови за да ги победи Русите.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Малолетник и уште две лица каснати од улични кучиња во Скопје

Следно

Николов: Оваа Влада има пари за пенали, непостоечки функции, ама нема за лечење на граѓаните, затоа мора да падне час поскоро!

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop