Николов: Оваа Влада има пари за пенали, непостоечки функции, ама нема за лечење на граѓаните, затоа мора да падне час поскоро!

January 14, 2023
1 min read

Надлежните од министерството за здравство потврдија дека цела година не мрднале со прст за да го намалат побарувањето за отштета од раскинувањето на договорот за изградба нов клинички центар во Скопје, кажа на прес-конференција Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Министерството за здравство ниту информираат, ниту знае дали треба да платат 8 милиони евра, 20 милиони евра или многу повеќе и за ова треба да ја известат јавноста заради тоа што оваа отштета или нивно невнимание треба да го платат граѓаните. Без грам одговорност за овие суми зборуваат како да се 8 или 20 денари. Кој ќе сноси одговорност за оваа штета со која директно и свесно го оштетуваат државниот буџет? Актуелната власт наместо нов клинички центар од наши пари ќе се плаќа милиони евра заради тоа што не е изграден нов клинички центар. Додека надлежните велат дека немаат доволно средства за најранливите пациенти, бесрамно потврдуваат дека цела година ништо немаат преземено за заштита на милиони евра пари на граѓаните кои сега ќе треба да се плаќаат за раскинување на договор за неизграден нов клинички центар. Министерството за здравство се само прогласи за ненадлежно за обезбедување на средства за терапија за пациентите со цистична фиброза. Во меѓувреме доцнат сите тендерските процедури за пациентите со ретки болести, а надлежните само ги пренасочуваат пациентите по други институции однесувајќи се како да се сообраќајна полиција. Притоа не се води грижа за пациентите, а истовремено се наоѓаат средства за разни координатори, заменици координатори, помошници на замениците координатори и слични измислени функции за огромни хонорари за проекти кои не се реализираат, а меѓу овие проекти е неизградениот клинички центар, истакна Николов.

Или има за паразити, има за пенали за неградење на нов клинички, но нема за најранливите пациенти со ретки болести. Заради тоа одговорност мора да има и потребно е оваа да ја понесат сите министри за здравство во оваа Влада. Заради тоа час поскоро оваа Влада треба да падне, додаде тој.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се повторува ли историјата – можен нов судир меѓу германски „панцери“ и руски тенкови

Следно

Низ општина Гази Баба се поставени куќички за бездомни кучиња

Latest from Blog

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –
Go toTop