СДСМ од “ајро ајро“ и 7 години неуспешни обиди за почист воздух, денес организира протест пред Цементарница Усје

December 25, 2025
1 min read

СДСМ и тогашниот премиер Заев кој на митинзи ветуваа “ајро ајро“, денес се сведоа на протест пред Цементарница Усје. На денешната собраниска седница пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска најави дека протестот пред Цементарница Усје е во организација на нејзината партија.

„Денеска токму во 18:00 часот имаме еден протест кај Цементара Усје за сето она коешто ни се случува за оној отровен воздух којшто го живееме“, порача Лукаревска.

Откако за 7 години не успеаја да го намалат загадувањето на воздухот, денес ќе организираат протести. Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа почист воздух и почиста животна средина, и имаа можност да преземат мерки во однос на загадувањето на воздухот, но во пракса не преземаа соодветни мерки, туку се сеќаваме дека и тогашни претставници на МЖСПП протестираа против загаден воздух.

За разлика од СДСМ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ најави дека прашањата кои се поврзани со квалитетот на воздухот ќе ги решава со вклученост на вистински стручњаци.
Од партијата истакнаа дека следува имплементација на мерки и проекти за ефикасно справување со загадениот воздух. Прашањата поврзани со квалитетот на воздухот ќе се решаваат со систематски поставен План за управување со квалитетот на воздухот, со цел подобрување на животна средина и квалитетот на воздухот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка најтргувани на денот

Следно

Квалитетниот сон овозможува подолг животен век

Latest from Blog

Изложбата „Лица“ на Ангел Коруновски – портрети на денешницата

Во галеријата „Мала станица“ во Скопје од вчеравечер е отворена изложбата „Лица“ на македонскиот академски уметник Ангел Коруновски. Поставката вклучува педесетина дела – скулптури, цртежи и слики – и ги привлече љубителите

МЕЛАНИЈА ВО ФУСТАН СО КУЛТЕН ЈУГОСЛОВЕНСКИ СИМБОЛ: Балканците веднаш препознаа и се воодушевени

Доналд Трамп и Меланија Трамп и оваа година, во пресрет на Божиќ, ја продолжија веќе воспоставената празнична практика на телефонски разговори, насочена пред сè кон децата и припадниците на војската. Повиците ги

Тоневски: Пониква има потенцијал за целогодишен планински туризам

Во Инфо-центарот на Пониква денеска се одржа работен состанок меѓу градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, посветен на унапредување на туристичкиот развој и поефикасно искористување на потенцијалите
Go toTop