Се одбележуваат СТО ГОДИНИ ОД ПРВОТО ПОЈАВУВАЊЕ НА ВИНИ ПУ

December 25, 2025
1 min read

Точно сто
години поминаа од првото појавување на цртаниот јунак и еден од најпознатите
ликови во детската книжевност – мечето Вини Пу, кој за првпат се појави во
кратката приказна „Погрешен вид пчели“, објавена на 24 декември 1925 година во
лондонскиот вечерен весник „London Evening News“.

Ликот брзо
стекна светска популарност, заедно со Тигарот, Кристофер Робин, играта „Пуови
стапчиња“ и измислената шума Акр 100, која во реалноста е шумата Ешдаун во
Источен Сасекс, каде што авторот Алан Александар Милн имал селска куќа,
наведува Би-
би-си.

Големата
популарност на Мечето Пу и денес носи значителни приходи за тој регион, а
локалните власти издвоиле околу 450.000 фунти од јавни средства за финансирање
на програмата на настани по повод јубилејот.

Приказните
за Мечето Пу се сместени во шумата Ешдаун, која има статус на природна убавина
од особено значење.

Милн во 1925
година го купил имотот Кочфорд фарма, околу еден километар северно од шумата,
во близина на местото Хартфилд.

Книгата
„Вини Пу“, заснована на измислените авантури на Милновиот син Кристофер Робин и
неговото
кадифено
мече, била објавена во 1926 година, додека продолжението „Куќата на аголот на
Пу“ излегло во 1928 година.

Објавени се
и две збирки поезија со истите ликови.

Оригиналниот
мост на кој Милн и неговиот син ја осмислиле играта „Пуови стапчиња“ кон крајот
на деведесеттите години станал дотраен и небезбеден, па бил отстранет и заменет
со реплика која и денес се наоѓа во шумата.

Оригиналната
конструкција била продадена на аукција во 2021 година за 131.000 фунти.

Популарноста
на Вини Пу дополнително пораснала откако компанијата Дизни во 1961 година ги
откупила правата за приказните.

Продавницата
за сувенири и чајџилницата „Пуовиот агол“, во близина на мостот во Хартфилд, е
отворена во 1978 година и е исполнета со спомени поврзани со овој лик.

Сопственикот
на локалот, Нил Рид, изјави дека е исклучително да се видат посетители од
целиот свет кои доаѓаат во мало англиско село за да ја одбележат годишнината на
Мечето Пу.

По повод
100. роденден на Мечето Пу, планирани се бројни манифестации, вклучувајќи
инсталација која центарот за посетители би го претворила во книга на
расклопување во природна големина, како и отворање нови пешачки патеки, со
заштита на чувствителните подрачја во шумата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аморим: Премногу го обвинуваме Бруно за нашите проблеми

Следно

Тоневски: Пониква има потенцијал за целогодишен планински туризам

Latest from Blog

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop