Аморим: Премногу го обвинуваме Бруно за нашите проблеми

December 25, 2025
1 min read

Во насока на подобрување на ситуацијата во таборот на Манчестер Јунајтед, менаџерот Рубен Аморим цврсто застана во одбрана на капитенот Бруно Фернандеш. Португалецот има голема улога во игрите на тимот, а според Аморим премногу е критикуван и за нештата за кој реално не е виновен.

Фернандеш се повреди во поразот од Астон Вила со 1-2, а од „Олд Трафорд“ се очекува да се врати само за градското дерби со Манчестер Сити на 17 јануари.

„Невозможно е да се замени Бруно. Многу играчи мора да ги преземат неговите задачи за да се приближат до неговото ниво. Нема да недостасува само неговата креативност, туку и тој го организира тимот во секоја статична ситуација. Останатите мора да го заменат како група и мора што побрзо да разбереме дека не можеме да се потпреме на една личност за сè. Понекогаш сè му препуштаме нему“, призна Рубен Аморим.

„Мораме да смислиме поинаков начин на игра. Џек Флечер игра навистина добро во последно време и сега ќе има уште повеќе можности за игра. Јас лично верувам дека без разлика колку проблеми имаме, можеме да победиме на секој натпревар. Да, ќе биде тешко, но ако сме фокусирани, можеме да го направиме тоа“, рече менаџерот на Манчестер Јунајтед, осврнувајќи се на отсуството на други играчи, како што се Брајан Мбемо и Амад Дијало, кои се на Африканскиот куп на нации, како и Коби Меино, кој нема да игра против Њукасл на Божиќ. – рече Фернандеш.

 

 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Квалитетниот сон овозможува подолг животен век

Следно

Се одбележуваат СТО ГОДИНИ ОД ПРВОТО ПОЈАВУВАЊЕ НА ВИНИ ПУ

Latest from Blog

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop