СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

November 24, 2024
1 min read

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на партијата. 

За заменик претседател на СДСМ беше избрана Фани Каранфилова Пановска, која доаѓа од невладиниот сектор. Се избра и новото надзорно и изборно тело. 

Вратата на партијата е отворена за сите, таа нема друга алтернатива освен да се врати посилна, а ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја, дополни Филипче за време на отворениот дел од конгресот.  Посочи дека овој конгрес е пресвртница на СДСМ за нови победи и таа е единствена која може да ја победи ВМРО ДПМНЕ.

По конгресот со реакција излегоа од ВМРО ДПМНЕ. Упатија критки до ново избрана потпретседателка  Фани Каранфилова Пановска која како што посочија  не е никаков нов лик, ниту лице заинтересирано за општо добро. 

„Луѓето на Филипче се истите луѓе на Заев кои се второ име за корупција и криминал, воедно и назадување на Македонија на секој план“, стои во партиското соопштение на владеачката партија.

Со свој став за конгресот на СДСМ излезе и премиерот Мицкоски. Пред 30-от Конгрес, социјадемократите го одржаа и отчетниот која беше закажан за јуни годинава, но одложен поради недоволниот број на делегати. 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

РК Вардар му го нансе првиот пораз на РК Алкалоид во Супер Лигата

Следно

На скопските улици од утре и приватните превозници

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop