На скопските улици од утре и приватните превозници

November 24, 2024
1 min read

За да се намали хаосот во градскиот сообраќај, приватните превозници утре се враќаат на скопските улици. Тие најавија, дека ваквиот чин ќе биде привремен, додека имаат на располагање финансиски средства, се со цел да помогнат граѓаните да не чекаат со часови по станиците на минусни температури. Ќе возат во текот на целиот ден, а не само попладне како што беше подолг период.

Приватните превозници бараат состанок во проширена форма со градските власти и Владата. Се бара покачување на цената по километар и раст на платите согласно растот на трошоците за живот оти вака не можат да опстојат. Бараат да бидат плаќани преку градот, а не преку ЈСП.

Владата на вонредна седница одобри 250 илјади литри нафта од државните резерви за ЈСП како привремено решение по колабсот на јавниот сообраќаен превоз во средата и четвртокот кога на улиците имаше само 25 автобуси. Нафтата е само за седум дена.

ЈСП се снабдуваше со гориво од нафтената компанија Пуцко петрол, кон која има долг од 10 милиони евра. Договорот беше склучен во 2022-рата година, во вредност од 27 милиони евра, по 118 денари за литар.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Следно

ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 11 СТЕПЕНИ ПОД НУЛАТА: Какво време не очекува во следните денови?

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop