Саудиска Арабија депонираше 5 милијарди долари во турската Централна банка

March 6, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Саудиска Арабија денес потпиша договор со Туркије за депонирање на 5 милијарди долари во турската Централна банка, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Саудискиот фонд за развој (СФД) се вели дека договорот е потпишан од претседателот на СФД, Ахмед ал-Хатиб, и гувернерот на банката, Шахап Кавџиоглу.

„Ова депонирање се случи како продолжување на историските односи и блиската соработка меѓу Кралството Саудиска Арабија и Република Туркије и нејзиниот братски народ“, се вели во соопштението на СФД.

Во декември 2022 година, саудискиот министер за финансии Мохамед бин Абдула ал-Џадан рече дека Кралството богато со нафта ќе депонира 5 милијарди долари во турската Централна банка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Земјотрес со јачина од 4,1 степен го потресе Хатај

Следно

Оставен отпад на паркинзи и зелени површини во Ново Лисиче

Latest from Blog

Нормализиран е сообраќајот на патиштата и клучките што беа затворени заради пожари

Сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка изутрина во 06:00 часот е нормализиран  во двата правца, информира АМСМ.  Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по
Go toTop