Сакаа популарност, но завршија во полиција: Автомобил без таблици низ скопските улици за „Тикток“ тренд

August 5, 2025
1 min read

Едниот на автомобилот, другиот танцува со отворена врата, третиот излезен преку прозорец. Автомобилот без регистарски таблички низ скопските улици го управувал 20-годишник кој немал ни возачка дозвола, при што ја загрозувал безбедноста во сообраќајот. Овие млади лица снимале популарен тренд од ТикТок – „Aura Farming“. Наместо популарност, завршија во полициска станица. Од МВР велат дека тинејџерите се идентификувани, поднесени се пријави и се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

„Во врска со видеото што се споделуваше на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека веднаш се преземени мерки и активности, лицата се идентификувани, со нив е извршен службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.“, вели Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Трендот „Aura Farming“ потекнува од традиционален индонезиски фестивал наречен Pacu Jalur, каде млади момчиња изведуваат перформанс на тркачки чамец со цел да го мотивираат тимот. Во летото 2025 година, видео од Рајан Аркан Диха, 11-годишно момче кое самоуверено и со уникатен стил стои на врвот на чамецот, стана вирално на социјалните мрежи.

Слични предизвици се чести на интернет. Има случаи кога некои од нив завршуваат со скршеници, па дури и со смртни последици.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

МБИ10 во благ раст од 0,15 % – Македонија Турист доминира со над 49 млн. денари промет

Следно

Белгија ја поддржува суспензијата на Израел од европската програма за истражување „Хоризонт Европа“

Latest from Blog

ВИДЕО: Илинденски денови 2025: Пет дена по затворањето, емоциите сè уште траат

Иако поминаа пет дена од свеченото затворање и церемонијата на доделување награди, 55. издание на фестивалот „Илинденски денови“ сè уште живее во срцата на публиката, организаторите и учесниците. Фестивалот кој традиционално ја

Убиство во психијатриска болница Бардовци

Осуденик хоспитализиран во Психијатриската болница во Бардовци, со стаклено шише усмрти пациент – исто така осуденик. Доцна во ноќта дошло до тепачка помеѓу двајцата пациенти на Одделот за лекување на осудени лица,

Меџити за апсењето на навивачот одговорен за антиалбанските повици во Куманово: Пораката е јасна, говорот на омраза нема да се толерира

Првиот заменик претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, го поздрави апсењето на еден од навивачите одговорни за фашистичките и антиалбанските повици кои се слушнаа пред неколку дена во Куманово, за

ФФМ: Поддршка и желби за успех до ФК Шкендија пред пресметката со Карабах

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ изрази поддршка на ФК Шкендија во пресрет на вечерашниот натпревар против Карабах, во рамки на квалификациите за Лигата на шампионите. „Веруваме во тимот и се надеваме

МВР: Апелираме за фер и спортско навивање, било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без
Go toTop