ФФМ: Поддршка и желби за успех до ФК Шкендија пред пресметката со Карабах

August 5, 2025
1 min read

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ изрази поддршка на ФК Шкендија во пресрет на вечерашниот натпревар против Карабах, во рамки на квалификациите за Лигата на шампионите.

„Веруваме во тимот и се надеваме дека и понатаму ќе нè радува со настапите во европските купови“, се вели во соопштението на ФФМ, со кое се потенцира значењето на настапите на македонските клубови на меѓународната сцена.

Од федерацијата упатија и апел до сите навивачи натпреварот да го проследат со спортски дух и фер-плеј, без навреди и провокации по било каква основа.

„Само со достоинствено однесување и заедништво, чекор по чекор, да докажеме дека македонскиот фудбал може да напредува, на теренот и надвор од него“, истакнува ФФМ.

Фудбалот, како што посочуваат од федерацијата, треба да биде пред сè симбол на обединување, страст и почит.

„Да покажеме дека знаеме да навиваме со страст, но и со почит. Фудбалот на прво место!“ – се вели во пораката.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР: Апелираме за фер и спортско навивање, било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани

Следно

Меџити за апсењето на навивачот одговорен за антиалбанските повици во Куманово: Пораката е јасна, говорот на омраза нема да се толерира

Latest from Blog

Барса со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Барселона фантастично ја започнаа новата сезона со убедлива победа против екипата на Елче со 0:5. Момците на Ханси Флик покажаа класа и најавија уште една сезона во која што ќе

ИРАН ЈА НАПАДНА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, четири дена не можат да се опорават

Хакери поврзани со Иран успеаја целосно да ја запрат работата на британска електрана дури четири дена, што се смета за еден од најсериозните сајбер напади врз енергетската инфраструктура на Обединетото Кралство, објави

Интересно: Фановите на Марсеј ја славеа титулата на Шпанија? (ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Навивачите на Олимпик Марсеј изненадија со чудна претстава за време на првиот натпревар на тимот во сезоната во Лига 1. Некои од навивачите на „Велодром“ извадија огромна кореографија во чест на

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува. Рахими рече дека земјите
Go toTop