Саити: Не сметам дека имаме неквалитетни одлуки, но сигурно недовербата нешто детектира во однос на нашето работење

April 2, 2024
2 mins read

Ниската доверба на граѓаните во сите институции е општа констатација и рак рана во судството. Не сметам дека имаме неквалитетни одлуки, но сигурно таа недоверба нешто детектира во однос на нашето работење, вели претседателот на Здружението на судиите на РСМ, судијата Џемали Саити и посочува дека таа се должи и на добар инженеринг од другите власти во однос на пренасочувањето на недовербата кон судството, но и на самото судство.

По отворањето на годишната судиска конференција на тема „Квалитетно правораздавање – Предуслов за обнова на јавната доверба“, во рамки на одбележувањето на  Денот на правосудството, Саити посочи дека во правосудството има два вида на постапки.

–Тоа се јавните постапки кои воглавно се осликуваа низ предметите на СЈО и постапките кои се во граѓанска постапка кои ги засегааат две страни и секогаш едната страна е незадоволна од тие одлуки. Но, јас сметам дека во изминатиов период имаше добар инженеринг од другите власти во однос на пренасочувањето на недовербата кон судството, но сигурно и судството има голем удел во таа недоверба во своето работење, појасни Саити.

Додаде дека здружението на судии изминатиот период имало донесено мислења, напатствија, едукативни флаери и анализи со кои се објаснувала имплементацијата и начинот на постапување. Но, и дека Советот за етика има  директно влијание во подобрување на судскиот систем преку давање советодавни мислења.

-Значи, има една сосема друга улога, не улога на детектирање на одговорност, туку посредно укажува на некое неетичко однесување, односно не соодветно однесување кое се претпоставува дека со оглед на габаритот интелектуален на судијата треба да има индиректно влијание врз неговото однесување. И во изминатиов период не само што донесовме пет-шест мислења, мислам шест, донесовме и напатствија, донесовме и неколку едукативни флаери итн. и анализи со кои се објаснува имплементацијата и начинот на постапувањето. Очигледно оваа придобивка, велам придобивка затоа што во минатото повреда на етичкиот кодекс беше основ за разрешување. Со измените последни е придобивка затоа што веќе не е основ за разрешување и е ставена како саморегулација, како морален суд. Очигледно дека тука не се даваат можеби добри резултати без „репресијата“ затоа што можеби ние сме научени на репресија. Но, сепак, јас сум убеден дека сега засега е добро поставено затоа што е европски стандард, изјави Саити, притоа не откривајќи против колку судии се водат случаи.

Во однос на протеститие од страна на ССМ пред Врховен суд тој рече дека нема да коментира одлуки, но апелира на внимателност кај сите засегнати страни.

– Не можам да коментирам воопшто ниедна одлука, а камо ли одлука на моите колеги во која што јас не сум учествува. Правото на протест е загарантирано, секој има право да протестира. Но, јас би апелирал на внимателност на сите страни. Значи, и тие кои имаат право да протестираат и тие кои работат во судските тоги затоа што они сигурно ја имаат образложено одлуката и има истанци како да се цени нивната одлука. Не би сакал да кажам со да или не, но се знае кое е моето мислење. Мислам дека судиите постапиле во рамките на законот и овластувањето, порача Саити.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Македонското судство „стега палци“ да не се пензионираат судиите

Следно

Ѓорче Петров ја градеше ВМРО посветувајќи го животот на Македонија

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Инвестиции и подобрување на инфраструктурата во Бутел

Вечерва Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, се сретна со жителите на Радишани, заедно со сегашниот градоначалник на Бутел Дарко Костовски и министерот Панче

ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници, во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат д-р. Влатко Грозданов

ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници, во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат д-р. Влатко Грозданов, информираше вечерва Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Пратеничката Бети Стаменковска Трајковска

Коњановски: Новата шампионска приказна ја пишуваме заедно со навивачите

Денеска, на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, се одржа фан-зоната пред натпреварот Еурофарм Пелистер – Загреб, која собра голем број навивачи и симпатизери на тимот. Настанот започна во 18:45

Во Србија пензискиот фонд објави јавна набавка на систем за апликации што ќе користи ВИ

Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) ќе користи вештачка интелигенција за масовна обработка на документи и други задачи, што треба да им обезбеди на корисниците на услугите и вработените во
Go toTop