Коњановски: Новата шампионска приказна ја пишуваме заедно со навивачите

September 10, 2025
1 min read

Денеска, на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, се одржа фан-зоната пред натпреварот Еурофарм Пелистер – Загреб, која собра голем број навивачи и симпатизери на тимот. Настанот започна во 18:45 часот со забавно-музичка програма, а посетителите имаа можност да уживаат во вкусна храна и пијалоци, обезбедени од партнерите Училница и Конец.

Навивачите ја искористија можноста да се загреат за вечерашниот дуел и да ја почувствуваат уникатната атмосфера на култните европски вечери во ракометна Битола. Во подтрибинскиот простор на спортската сала, Училница и Конец поставија штандови за дополнителна забава и вкусни деликатеси, правејќи го секој момент пред натпреварот уште поинтересен.

Фановите исто така имаа шанса да го купат новиот дрес и другите парчиња спортска опрема на Еурофарм Пелистер за сезоната 2025/26. Настанот ја демонстрираше силната поддршка на навивачите и создаде незаборавна атмосфера пред натпреварот против Загреб.

Тони Коњановски истакна: „Почнуваме нова шампионска приказна, а таа најубаво се пишува заедно со нашата армија навивачи и симпатизери!“

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

87- Њујорчанец совлада крадци на улица, стана вистинска ѕвезда (ВИДЕО)

Следно

ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници, во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат д-р. Влатко Грозданов

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop