САД започнуваат дводневна трилатерална поморска вежба со Јужна Кореја и Јапонија

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Поморските сили на САД, Јужна Кореја и Јапонија денес започнаа дводневна заедничка поморска вежба и обука за пребарување и спасување, пренесува Анадолу.

Според јужнокорејското Министерство за одбрана, трилатералната поморска вежба се одржала во водите јужно од Корејскиот Полуостров, а во вежбата е вклучен и американскиот носач на авиони на нуклеарен погон, „УСС Нимиц“.

„(Противподморничката вежба) беше организирана за да се зајакнат способностите за одговор на Јужна Кореја, САД и Јапонија против напредните подводни закани на Северна Кореја, вклучително и од балистичка ракета лансирана од подморница“, се вели во соопштението на Министерството.

Ваква вежба се одржа и лани во септември, првпат по пет години.

Пјонгјанг минатиот месец тврдеше дека неговата војска тестирала ново подводно нуклеарно оружје способно да создаде радиоактивно цунами со супер размери.

За вежбата, покрај бродот за борбена поддршка „Сојанг“, Сеул ги распореди разурнувачите „Јулгок ЈиЈи“, „Чое Јеонг“ и „Даеџојеонг“.

Вашингтон го испрати носачот и два разурнувачи, „УСС Вејн Е. Мејер“ и „УСС Декатур“, а во вежбата учествува токискиот разурнувач „ЈС Умигири“.

„Противподморничката вежба ќе се фокусира на подобрување на способностите од земјите за откривање, следење, споделување информации и поразување на подводните закани на Северот“, рече Сеул.

Сеул нагласи дека трите морнарици ќе одржат и вежба за пребарување и спасување, каква што е одржана последен пат во 2016 година, а првично започна во 2008 година.

Трилатералната вежба ќе овозможи трите морнарици да практикуваат „процедури како што се брзо спасување на удавени лица и итен третман и трансфер во случај на морска несреќа“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Турската инфлација се намали во март

Следно

Досетлив натпис во Кисела Вода им одржа лекција на сопствениците на кучиња

Latest from Blog