Русија вели дека би можела да се врати на договорот за нуклеарно оружје ако САД се откажат од „непријателската политика“

June 3, 2023
1 min read

Одлуката на Русија да го напушти последниот преостанат договор за контрола на нуклеарното оружје со САД е „непоколеблива“, но Москва би можела да биде подготвена да се врати под услов Вашингтон ја промени својата политика кон Русија

Оваа изјава ја даде рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, што претставува мало, но сепак значајно, поместување во позицијата на Москва околу договорите што ги има со вашингтон за контрола на нуклеарниот арсенал.

 „Нашата одлука да го суспендираме Договорот СТАРТ (разговори за намалување на стратешкото вооружување) е непоколеблива. Нашиот услов за враќање на целосното функционирање на договорот е САД да ја напуштат својата фундаментално непријателска политика кон Русија“,

изјави Рјабков.

Сергеј Рјабков, заменик министер за надворешни работи на Русија

Во февруари годинава рускиот претседател Владимир Путин објави дека Кремљ го суспендира своето учество во Новиот СТАРТ договор. Договорот, кој стапи на сила во 2011 година, го ограничува бројот на интерконтинентални балистички ракети и нуклеарни боеви глави кои САД или Русија можат да ги распоредат.

Во петокот, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека Вашингтон е подготвен да разговара за нова рамка за контрола на нуклеарното оружје „без услови“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган положи заклетва за трет мандат претседател на Туркије

Следно

„Пољуд“ ќе се реконструира за 40 милиони евра

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop