Ердоган положи заклетва за трет мандат претседател на Туркије

June 3, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Реџеп Таип Ердоган денес положи заклетва за својот трет мандат претседател на Туркије, втор по преминот на земјата во претседателски систем на управување, известува Анадолу.

Ердоган по пристигнувањето пред зградата на турскиот Парламент најпрво ја поздрави почесната гарда построена во негова чест, по што започна свечената седница на Големото народно собрание на Република Туркије, со која претседаваше привремениот претседател Девлет Бахчели.

Бахчели на претседателот Ердоган му го врачи сертификатот на Врховната изборна комисија како потврда за победата на Ердоган на претседателските избори одржани на 28 мај.

Ердоган потоа на говорницата на Парламентот свечено положи заклетва, со што и официјално го започна мандатот како нов претседател на државата. По полагањето на заклетвата, во Парламентот е интонирана и химната на Република Туркије.

По оваа церемонија претседателот Ердоган ќе положи венец во Аниткабир, мавзолејот на првиот претседател на Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк. Подоцна, во Претседателската палата ќе започне свечената инаугурација, на која ќе присуствуваат голем број официјални гости, како претседатели, премиери и други високи функционери од бројни земји, вклучувајќи ги и земјите од регионот.

Ердоган за првпат на функцијата претседател на Туркије е избран во 2014 година, а воедно, тој е и прв директно биран претседател на оваа земја.

Според официјалните резултати на Врховната изборна комисија, Ердоган победи во вториот круг претседателски избори што на 28 мај се одржаа во Туркије, со освоени 52,18 % гласови, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу освои 47,82 %.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Седум години од смртта на легендарниот Мухамед Али

Следно

Русија вели дека би можела да се врати на договорот за нуклеарно оружје ако САД се откажат од „непријателската политика“

Latest from Blog

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Едно лице го загуби животот, а друго е со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на делницата помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи
Go toTop