Русија: Украина се подготвува да ја обвини Москва за „грубо кршење“ на нуклеарните обврски

February 20, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија соопшти дека Украина се подготвува да ја обвини Москва за „грубо кршење“ на нејзините нуклеарни обврски според Конвенцијата за нуклеарна безбедност (ЦНС) на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), јавува Анадолу.

„Пред почетокот на 11-тата итна специјална седница на Генералното собрание на ОН, режимот во Киев продолжува да се подготвува за голема провокација за да ја обвини Руската Федерација за наводно „грубо кршење“ на обврските од Конвенцијата за нуклеарна безбедност во текот на специјалната воена операција“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана во неделата.

Во соопштението се тврди дека неколку контејнери со „радиоактивни материи“ биле доставени до Украина од територијата на неименувана европска земја и дека тие ќе се користат за „исценирање на локална контаминација во областа на еден од објектите опасни за радијација контролирани од Режим во Киев“.

„Целта на провокацијата е да се обвинат вооружените сили на Руската Федерација за наводни напади врз објекти опасни за радијација во Украина, што доведе до истекување на радиоактивни материи и контаминација на областа“, се вели во продолжение.

ЦНС е договор на МААЕ потпишан во 1994 година, со цел да се одржи високо ниво на безбедност во земјите кои поседуваат нуклеарни централи и да се обезбеди посветеноста на нејзините потписнички на овие цели.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Извозот на Туркије во балканските земји во јануари достигна 1 милијарди 450 милиони долари

Следно

Градот Скопје и „Лајка“ немаат стратегија за справување со уличните кучиња, смета Муцунски

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop