Извозот на Туркије во балканските земји во јануари достигна 1 милијарди 450 милиони долари

February 20, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА)

– Бурхан САНСАРЛИОГЛУ

Извозот на Туркије во балканските земји во јануари оваа година се зголеми за 8,4 отсто во споредба со истиот период минатата година и достигна 1 милијарди 450 милиони долари, јавува Анадолу.

Според информациите до кои дојде новинарот на АА од податоците што ги објави Советот на извозници на Туркије (ТИМ), Туркије во јануари остварила извоз во висина од 1 милијарди 450 милиони долари во балканските земји, односно во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Романија, Србија, Словенија и Грција.

Оваа бројка е зголемена за 8,4 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Во овој период Туркије најголем извоз во балканските земји оствари во Романија со 444 милиони 404 илјади долари, по која следува Бугарија со 306 милиони 514 илјади долари, Грција со 187 милиони 673 илјади долари, Словенија со 153 милиони 550 илјади долари и Србија со 114 милиони 452 илјади долари.

Исто така, во истиот период во Хрватска е остварен извоз во вредност од 49 милиони 905 илјади долари, во Албанија 49 милиони 361 илјада долари, во Северна Македонија 47 милиони 757 илјади долари, во Босна и Херцеговина 45 милиони 565 илјади долари, во Косово 37 милиони 491 илјада долари, и во Црна Гора 14 милиони 138 илјади долари.

– Најголем раст во Црна Гора

Извозот остварен во балканските земји, во јануари забележа раст во 6 земји, а пад во 5 земји.

Најголем раст е забележан во извозот остварен во Црна Гора, 104,1 отсто, по која следуваат Романија со раст од 29,1 отсто, Хрватска со 17,8 отсто, Северна Македонија со 17,4 отсто, Словенија со 14,8 отсто, и Косово со 3,5 отсто.

Пад во остварениот извоз е забележан во Грција и тоа од 2,1 отсто, во Србија пад од 3,3 отсто, во Бугарија пад од 3,7 отсто, во Босна и Херцеговина пад од 7,9 отсто и во Албанија пад од 12,5 отсто.

Секторот кој оствари најголем извоз во балканските земји во јануари 2023 година се автомобилската индустрија. Овој сектор во наведениот период остари извоз од 256 милиони 702 долари во балканските земји.

По овој сектор, следуваат секторот на хемикалии и хемиски производи со извоз од 247 милиони 763 илјади долари, секторот на челик со 154 милиони 565 илјади долари, секторот на црни и обоени метали со 124 милиони 752 илјади долари, и секторот на електрика и електроника со извоз од 109 милиони 880 илјади долари.

Според податоците на ТИМ, износот на извоз во балканските земји во јануари 2022 и 2023 година, како и забележаната промена во овој период, е следен:

1 јануари – 31 јануари

Земја

2022

    (илјади $)    

2023

    (илјади $)    

       Промена       

(%)

Романија344.132,45444.404,7829,1
Бугарија318.228,59306.514,73-3,7
Грција191.687,19187.673,03-2,1
Словенија133.724,10153.550,0314,8
Србија118.324,52114.452,79-3,3
Хрватска42.353,4849.905,5417,8
Албанија56.434,9449.361,44-12,5
Северна Македонија40.674,0447.757,5117,4
Босна и Херцеговина    49.470,5545.565,11-7,9
Косово36.237,6837.491,233,5
Црна гора6.927,4514.138,32     104,1     
ВКУПНО    1.338.194,98        1.450.814,51    8,4



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Промоција на новиот и на уште три евергрин романи од Влада Урошевиќ во МКЦ

Следно

Русија: Украина се подготвува да ја обвини Москва за „грубо кршење“ на нуклеарните обврски

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop