Русија тестираше интерконтинентална балистичка ракета

1 min read

Русија успешно лансираше интерконтинентална балистичка ракета од локација на југот на земјата, соопшти рано утринава Министерството за одбрана, испраќајќи ново предупредување до своите непријатели.

Ракетата со долг дострел беше лансирана од полигонот Капустин Јар во регионот Астрахан, на брегот на Каспиското Море.

Пробната боева глава подоцна погоди објект во сојузничката земја Казахстан како што беше планирано, соопшти Министерството, додавајќи дека целта била да се тестира „борбената способност“ на ракетата.

Кремљ неодамна предизвика реакција со својата најава дека ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. Ова оружје има помал дострел од интерконтиненталните балистички ракети, кои можат да поминат повеќе од 5.000 километри.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Ројтерс: Србија се согласила да испорача оружје во Украина, според еден од протечените документи на Пентагон

Следно

Турската крајбрежна стража спаси 79 мигранти истуркани назад од грчките сили

Latest from Blog