Русија распиша потерница за тројца косовски полицајци

March 2, 2024
1 min read

Косовскиот портал на албански јазик „Коха“ (koha.net) објави денеска дека Русија издала налог за апсење на тројца припадници на косовската полиција, за кои побарала да влезат во системот за пребарување на меѓунaрoдната полициска организација ИНТЕРПОЛ.

Повикувајќи се на сопствени неименувани извори, „Коха“ тврди дека Русија бара тројцата полицајци да се уапсат во врска со случајот од 2019 година во северно Косово, кога беше уапсен руски државјанин, за кој властите во Приштина објавија дека е шпиун на Москва инфилтриран во мисијата на ОБСЕ во земјата.

Порталот, кој е дел од медиумската групација „Коха“, напоменува дека Русија има рапишано потерници за повеќе од 100 илјади лица низ светот, додека списокот особено се зголемил по инвазијата врз Украина пред две години.

Меѓу бараните од страна на Москва е и една премиерка, Естонката Каја Калас, која неодамна се најде на листата на лица за кои се бара од ИНЕРПОЛ да се уапсат и да ѝ се предадат на Русија за да им се суди таму.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Средба Ердоган – Османи: Односите меѓу Туркије и Косово напредуваат

Следно

На Шапка, жена од Австрија се повреди при скијање – ја спасуваа со хеликоптер

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop