Русија го нападна Киев со крстосувачки и балистички ракети и со беспилотни летала

1 min read

Руските сили утрово извршија воздушен напад со ракети и беспилотни летала врз Киев, соопшти украинската војска на Телеграм. Според првичните информации, во главниот град нема жртви или штети. Властите, објавија дека успешно е извршена одбрана на градот.

Гувернерот на Киевската област Серхи Попко наведе дека според прелиминарните информации, Русија во нападот користела комбинација од крстосувачки и балистички ракети, како и беспилотни летала.

Очевидци за западни медиуми изјавија дека се слушнале неколку експлозии во и околу Киев. Засега не се знае дали има штета во околината на Киев. Воздушна тревога беше прогласена низ Украина кратко по 03.00 часот по локално време и траеше неколку часа, вклучително и во пограничната област со Полска. Авионите на Полска и сојузниците се активирани како мерка на претпазливост, објави Оперативната команда на полските вооружени сили на социјалната мрежа Х.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Усеин Болт сериозно се повреди на фудбалски натпревар

Следно

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер

Latest from Blog