Русија: Америка стои зад обидот да се убие Путин со дрон

May 4, 2023
1 min read

Во средата вечерта, Кремљ беше нападнат со беспилотни летала во, како што Москва без докази тврди, неуспешен обид за атентат на претседателот Владимир Путин

Русија денеска ги обвини САД дека стојат зад нападот со беспилотно летало врз Кремљ, со цел да се убие претседателот Владимир Путин. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифинг со новинарите изјави дека Вашингтон треба да биде свесен дека Русија знае дека САД избира цели и дека Украина само ги спроведува нивните планови.

Во средата вечерта, Кремљ беше нападнат со беспилотни летала во, како што Москва без докази тврди, неуспешен обид за атентат на претседателот Владимир Путин.

Украина негираше каква било вмешаност во инцидентот откако беше објавена снимка од летечки објекти кои се приближуваат до Кремљ, од кои еден експлодира. Кремљ соопшти дека го смета нападот за „планиран терористички акт“ и го задржува правото да возврати.

Песков рече дека Русија има неколку опции и кога ќе дојде одговорот, тоа ќе биде внимателно разгледано и избалансирано. Тој рече и дека е во тек итна истрага, но не кажа кога може да се очекуваат резултатите од истрагата. Во наводниот напад на резиденцијата на Путин во Кремљ биле користени два дрона, но руската одбрана ги оневозможила, тврди Москва.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Основно училиште „Гоце Делчев“ во Бутел го одбележа патрон празникот

Следно

„Ревизор“ во режија на Андреј Цветановски утре премиерно во Театар Комедија

Latest from Blog

Земјотрес го погоди Санторини

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини. Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со тешкотии при усвојувањето на законот на Трамп

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот намалувања на даноците и буџетот од претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до утре, 4

Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. -Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста
Go toTop