Романија купува американски тенкови Абрамс

1 min read

Романските воени претставници најавија дека државата ќе купи баталјон тенкови Абрамс од САД, со што Букурешт ќе стане трет корисник на тој тип тенкови во Европа, по Полска и Украина.

Според порталот Балканска безбедносна мрежа, одлуката на Букурешт се заснова на заклучоците од анализата на Министерството за одбрана за итната модернизација на оклопните единици, која е во тек од минатата година, пренесе Бета.

Во потесниот круг се најдоа Абрамс, германски Леопард 2 и јужнокорејски К2 Пантер.

„Абрамс е најдоброто средство со уникатни карактеристики за извршување задачи“, изјави началникот на Генералниот директорат за вооружување, генерал Теодор Инкикас.

Тој не прецизираше колку тенкови од тој модел ќе се купат и во која верзија, но се претпоставува дека ќе ги има 54, што е стандарден број оклопни возила за единица на ниво на баталјон.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Жените во Авганистан се најрепресираните во светот, соопшти мисијата на ОН

Следно

Зоран Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Latest from Blog