Реконструкцијата на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ е во завршна фаза

January 23, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вчера направи увид во градежните работи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кој е во фаза на целосна реконструкција на надземната и подземната инфраструктура, каде покрај коловозот, се обезбедуваат нови пешачки и велосипедски патеки.

Реконструкцијата на булеварот опфаќа градежни работи на коловозот од 5350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4500 м2, нови рабници, градежни работи на целосно нова фекална канализација, изведба на нова водоводна мрежа и заменување на постоечките приклучоци со нови, ново улично осветлување со лед светилки со контролери, информирааод Град Скопје. 

-Го решаваме и деценискиот проблем со поплавувањето на овој булевар, бидејќи до сега тука воопшто не постоела атмосферска канализација, а старата и дотрајана водоводна мрежа која сега се заменува со нова, како и замената на приклучоците со нови ќе овозможи да нема прекини во водоснабдувањето, дефекти и загуби на вода. Проектот кој се работи согласно сите европски и светски стандарди, е во завршна фаза со што се овозможува поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, порачаа надлежните. 

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бугарин измамен од државата: Купил скап автомобил без мотор на аукција

Следно

Тотенхем почна преговори за враќање на Покетино

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop